Гимназија „Орце Николов“, Скопје / 1969

Година: 1969

Автори: Никола Богачев, Александар Смилевски

Извори: Архитектурата во Македонија 1969-1989, Александар Кочишки;

Локација: Скопје

 

 

Во урбанизираната станбена зона Карпош 1 и 2 во Скопје што при крајот на седумдесеттите години беше комплетно формирана и населена, изградбата на нов школски простор беше нужност и потреба. Приближно во ист период, но на различни локалитети беа предадени во употреба два слични по содржина и намена објекти: гимназија „Никола Карев„ и основното училиште „Песталоци“. Покрај нив се пушта во употреба и гимназијата „Орце Николов“.

 

Извор: сет разгледници „Бетонско Скопје 2“
Извор: https://northmacedonia.architectuul.com/work/high-school-orce-nikolov/

 

Заедничка нота на трите училишни згради е новиот и современ приод  во пространата композиција со која е овозможено квалитетно одвивање на современата школска програма.

Гимназијата „Орце Николов“ има основа на издвоени квдратни единки кои се собираат околу централниот повеќенаменски простор и отворениот атриум. Овие два простора се поставени во средиштето на зградата и меѓусебно се надополнуваат преземајќи функција на место за другарување и средби, на организирање на претстави и многубројни манифестации и воншколски активности.

 

Извор: Архитектурата во Македонија 1969-1989, Александар Кочишки
Извор: https://northmacedonia.architectuul.com/work/high-school-orce-nikolov/
Извор: https://northmacedonia.architectuul.com/work/high-school-orce-nikolov/

 

Проектираниот архитектонски конструктивен модул-квадратот се мултиплицира во развиената основа и формира двострано осветлени училници, кабинетски блок, наставничкиот простор и фискултурната аула.

 

Извор: https://northmacedonia.architectuul.com/work/high-school-orce-nikolov/

 

Видливата бетонска конструкција и црвената фасадна тула се единствени материјали со кои ликовно и колоритно се обликувани фасадните површини. Со нив и вкупната обликовна шема достојно се репрезентирани квалитетите на творечкиот чин. Сликовитите зелени теписи и богатата вегетација, во училишниот двор што и до денес ја има зачувано свежината, го надополнуваат впечатокот дека гимназијата „Орце Николов“ претставува современ школски простор во кој и ученикот и посетителот доживуваат пријатни мигови.

 

Извор: https://northmacedonia.architectuul.com/work/high-school-orce-nikolov/
Оргиналната фасада во 2016-та година. 
Фотографија од интервенцијата на фасадата.

 

Насловна фотографија: https://www.facebook.com/groups/skopjenashe/