Гимназијата „Св. Климент Охридски“ некогаш и денес

Локација:  аголот меѓу булевар „Туристичка“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид

Година на изградба:  1908  или  1912 год.

Ктитор: Ејуб Сабри бег

Фотографии: Борис Јурмовски

Извор:  текст  и архивски фотографии – Гимназија „Св . Климент Охридски“

 

„Архивските материјали говорат дека сегашната гимназиска зграда е изградена во 1908 год, а според други архивски  извори 1912 година. Сакајќи да ја модернизира и унапреди наставата и образованието во Охрид, младотурскиот првак Ејуб Сабри бег , капетан во турската армија , со помош на охридската интелигенција ја започнал изградбата на сегашната гимназиска зграда според француски проект во неокласицистички стил. Во тоа време овој објект бил мошне интересен, бидејќи во почетокот на ХХ век и не постоел друг таков величествен објект во Охрид и околината. 

 

 

 

Уште во почетокот, Ејуб Сабри беј се определил оваа зграда да биде наменета за средно образование.  Градбата на гимназијата (Идадија) започнала по исушувањето на блатото кое тука се наоѓало.  Балканските војни го попречиле нејзиното завршување, за  конечно во 1926 година да се случи интензивното довршување на зградата …

 

 

 

 

… Во 1937 година двата потпокривни ката биле опожарени и тогашната композиција на објектот го губи својот сјај.

Пожарот кој го опфатил мансардниот кров се вели дека избил на 22 февруари 1937. И покрај сите обиди на населението, војската и пожарната чета, масанрдата наполно изгорела ..

…. Во 2006 година со грант на Светската банка и логистика на Локалната самоуправа  ќе се изврши реконструкција на зградата враќајќи го нејзиниот оргинален лик…. “

Со последниот цитат од превземениот текст од историјатот на училиштето, се соочуваме со македонското непоимање на она што значи оригинален изглед,  македонската просечност во поглед на третманот кон градителското наследство и не разбирање на инволвираните за единствената можност за делување.

 

 

Ваквите сочувани примероци се вистинска реткост и кон нивната реконструкција треба да се пристапи повеќе реставраторски. Во овој случај тоа би значело изработка на сите детали во делот на прозорите, покривниот материјал, деталите на ковано железо кои тука се запазени во мал сегмент, оџаците итн.  Покрај повеќето остапки, во пониските зони од поткровјето се забележува примена на пластифициран лим, кој целосно ги уништува поимите атрактивност и „сјај“  за објектот.