ЃОКО РАДОВАНОВИЌ е добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2020 година

 

Управниот одмор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија   во состав Мартин Гулески (претседател), Миодраг Митровиќ, Виолета Бакалчев, Јана Гугулоска Ѓорѓевиќ и Ѕвонко Тасевски  донесоа одлука, наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2020 година  да ја доделат  на архитект Ѓоко Радовановиќ.

 

Соравиа Центар Скопје / Марх
Ѓоко Радовановиќ има реализирано повеќе од 100 објекти оставајќи белег во современата македонска архитектура.  Некои од неговите позначајни архитектонски остварувања се: Соравиа Центар Скопје, Соравиа Ресорт Скопје, Спортскиот центар „Јане Сандански”, „Вила Дарко Панчев”, индустриски објект „Рио Кафе” итн. Во доменот на изработка на специфични проекти, се јавува како автор на „Студија за монтажни соларни куќи” и на „Студија за монтажни санитарни кабини”.
Спортскиот центар „Јане Сандански” / Рк Вардар

За успешната кариера на Радовановиќ зборуваат и досегашните две големи награди за архитектура, доделени под покровителство на Претседателот на државата за Спортскиот Центар ,,Јане Сандански” (2014) и за „Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување“ во Скопје (2016).