Градинката „Пролет“ во завршна фаза

Во населбата „Пролет“ во завршна фаза е истоимената градинка. Екстериерот веќе го добива финалниот изглед додека во  внатрешноста се работи на последните финеси.

Според информациите во јавноста, објектот со бруто површина од 3276m2 чини 2.5 милиони евра, додека капацитетот на градинката е 150 деца со 9 занимални. Ова е единствен објект од ваков карактер кој се гради во општината во последните 50 години.

Објектот се развива на две нивоа, со лифт за децата со посебни потреби, инклузивно игралиште и кујна за сопствени потреби со цел свежа и здрава храна за корисниците.

Проектанти на градинката се Инком Инженеринг.

 

Фото: Филип Конески / 2024