ГРАДОТ КАКО СЦЕНА: Еколошки иднини / Јавно предавање и работилница – 28-31 мај 2025

Интердисциплинарна платформа за едукација и продукција во областа на современата уметност, Акто Фестивал (Akto-Fru), организира работилница и јавно предавање во соработка со  Floating University Berlin (Пловечки Универзитет Берлин) и Архитектонски факултет Скопје со наслов „Градот како сцена: Еколошки иднини процес – простор – град – сцена – готвење“ – РЕ-УПОТРЕБА # 2 – Сценографско просторни  интервенции [во јавниот простор] како алатка за градење еколошки иднини. Во четири дена на две локации ќе се одржат разни настани. Централна точка е Железничката зграда во Скопје.

Во периодот од 28-31.05.2025/15:00 – 19:00 часот ќе се одржи работилница „Иднината на Киното (релациите) во Железничката зграда. Работилница со студенти на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ –  Скопје а водачи на работилницата ќе бидат Кристин Лаз и Дејвид Нил Морси

На 28 мај во 19:30 часот ќе се одржи и јавно предавање на со јавно предавање на Кристин Лаз и Дејвид Нил Морси (Floating University) на тема „Методи на урбана Пракса” кое ќе се одржи во Амфитеатар на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

На 31 мај / 12:00 – 15:00 часот настанот ќе заврши во Железничката зграда со „Колективно“  [што и да значи тоа] готвиме – Перформативна јавна презентација на резултатите од работилницата ИДНИНАТА НА КИНОТО [релациите] во Железничката зграда – модели на управување преку [урбано] готвење.

За настанот е лансиран и отворен повик кој е приоритетно е наменет за студенти кои студираат на факултетите за архитектура, драмски уметности, ликовни, уметности, антропологија, книжевност и други сродни факултети, како и млади кои се заинтересирани во полето на интердисциплинарните уметности и јавниот простор како тема.

Рокот за пријавување е 26 мај.

„Floating University Berlin“ е експериментален простор за спознавање на поврзаноста меѓу природата и културата, заеднички труд на повеќе од 50 уметници, дизајнери, архитекти, научници, инженери, соседи и деца. Сместен во напуштениот басен за задржување дождовница во близина на поранешниот аеродром Темпелхоф, овој хибриден простор функционира како составен дел од некогашниот систем за управување со води, а истовремено служи и како живеалиште на мочуришни растенија, птици, жаби, лилјаци и лисици.

[„Floating University“] https://floating-berlin.org/

Повеќе информации можете да најдете на https://www.facebook.com/akto.festival и https://www.instagram.com/akto_fru/