Хотел Континентал /фотогалерија/
19.05.2025 • Фотографија ХХ век / II половина

Објект: Хотел Континентал
Автори: Живко Гелевски, Димитар Димитров
Фирма: Македонијапроект
Година на изведба : 1972
Изведувач: Пелагонија
Локација: бул. ”Александар Македонски”, Скопје
Фотографии: Борис Јурмовски /2025/
Изведен во почетокот на 70тите од 20тиот век, Хотел Континентал е сеуште во употреба во релативно слична состојба од неговото отварање наменето за употреба од широката јавност.
Локациски се наоѓа покрај булевар Александар Македонски, во непосредна близина на трговскиот центар “Ист Гејт” (старо Сајмиште), кој како важна сообраќајна артерија на источниот влез на град Скопје, овозможува брз и ефикасен пристап на посетители и туристи, а воедно e и на позиција за лесен пристап кон централното јадро на Скопје.
-угостителски сегмент на Хотел Континентал-
Покрај конкретната намена за сместување на посетители како хотел, во склоп на главниот објект, Континентал уште има сегмент со сали присутен во сеќавањата на скопјани, каде што се одржувале бројни прослави, свадби, матури, и конференциски настаниод различен карактер.
-изгледи од страна на бул. Александар Македонски-

Автор на статија: Boris Jurmovski