ИКОМОС Македонија / Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април 2023

Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април 2023 година е можност да се презентираат стратегии кои го прикажуваат целосниот потенцијал на практиките во заштитата на културното наследството како алатка за справување со штетните ефекти од климатските промени. Ова е дел од Тригодишниот научен план на ИКОМОС (2021-2024) и ја поддржува резолуцијата  на ИКОМОС од 2020 година за пристапи кон културното наследство кои се фокусирани на локалните заедници.

Овогодишната глобална тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април е „Наследството менува“ (“Heritage changes“), а ИКОМОС Македонија избра да се фокусира на важноста на традиционални начини на градба и истите да ги претстави како наратив за климатска адаптација и интервенции.  Климатските промени имаат потенцијал значително да влијаат врз културното наследство. Македонија веќе доживува дел од ефектите од климатски промени, како што се зголемените температури и почестите суши кои предизвикуваат шумски пожари, но и екстремни временски промени и поплави, кои имаат штетни ефекти врз културното наследство.

Македонија е исклучително богата со културното наследство кое е ранливо на климатските промени кои се одразуваат не само на материјалната култура, туку и врз културните практики и традиции. За да се одговори на влијанијата од климатските промени врз културното наследство, важно е да се развиваат стратегии кои се фокусираат на адаптација и отпорност. Ова вклучува мерки како што се унапредување на редовното одржување и мониторинг на културните добра, развивање на заштитарската инфраструктура, но и зголемена вклученост на традиционалните вештини и практики во зачувувањето на културното наследство.

ИКОМОС Mакедонија смета дека одржувањето на традиционалните техники на градба ќе овозможи двојна придобивка за општеството. Од една страна, тие можат да придонесат за подобра заштита, конзервација и ревитализација на културното наследство, а од друга страна тие можат да се применат во модерната пракса како алатка за справување со штетните ефекти од  климатските промени. Промовирањето на овој пристап, ќе има средишна улога во нашите идни активности.

Целата кампања можете да го погледнете на официјалната ИКОМОС вебстрана.

 

#18April #ICOMOS #HeritageChanges #heritage4climate #IDMS2023 #icomosIDMS2023