Во најава SHARE Skopje 2021

 

На 19 – ти октомври, во просториите на хотелот Hilton Double Tree во Скопје, ќе се одржи четвртото издание на SHARE Skopje 2021.

„SHARE Skopje 2021 е покана за средба со иноватори и влијателни лица од полето на архитектурата и градежните технологии. Настанот обединува локални и меѓународно реномирани архитекти во еднодневна динамична програма на најзначајното обединување на специјалисти од полето на градежништвото.“

Настанот е организиран заедно од Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ), ABplus Events и Асоцијацијата Proevent, а овогодинешната тема е напреден дизајн на згради и иновативни архитектонски технологии.

На настанот ќе учествуваат низа интернационални експерти кои ќе имаат свое излегување во рамките на двете пленарни секции, а за крај ќе се одржи предавањето од специјалниот гостин – Gökhan Avcıoğlu.

Деталната програма можете да ја погледнете на следниот линк.

Регистрацијата на настанот е веќе отворена, а сите членови на ААМ имаат можност од 85% попуст на влезниците.