ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ _ ПАРК ”УНИВЕРЗАЛНА„

Година: 2020

Автори: PROXY

 

Текстот е пренесен во оригиналната форма доставена од авторот/ите :

 

Идејата за предложениот парк “Универзална” почнува поради фактот што постојниот објект не е повеќе соодветен за предвидената  намена следејќи ги современите нормативи и нема можност за  соодветна реконструкција. Истовремено со текот на годините околината станува премногу густа поради неконтролираното градње и изградбата на било каков објект само дополнително ќе го запуши градското јадро.

Следејќи ги светските примери на пренамена на објекти со културно и историско значење, сметаме дека токму ваквото решение одговара на сите деликатни прашања, од една страна го овековечува симболот на солидарноста на пост земјотресниот период а истовремено формира еден нов слободен урбан простор во густиот центар на градот.

 

 

Универзална сала, дури и во вонфункционална состојба, претставува постојна референца за околината и градот и ваквиот подвиг и решение несомнено ќе ги зачува сите постоечки квалитети и својот симболичен карактер. Универзалниот круг на културни настани и собирања ќе продолжи да постои во изменет облик и ќе се приспособи на предизвиците на новото време.

Оттаму со цел да се стави акцент на она што овој објект претставува како симбол, како и што е изгравирано на самата плоча “симбол на меѓународна човечна солидарност…”, во име на 35те земји кои го дале својот финанскиски придонес за подигањето на овој објект, ќе бидат подигнати 35 те високи сијалици по периметарот на летната сцена.
Исто така овие тенки и метални профили на сијалици ја следат вертикалната поделба на металната конструкција на фасадата на Универзална сала. Монументалната присутност на овие елементи ќе реминесцира мемориска слика од волуменот на некогашната сала, потсетувајќи на нејзиното постоење.

 

Од постоечките обликовни елементи е зачувана и фонтаната и високото густо зеленило од страна на бул. Партизански одредби.

Просторот околу летната сцена формира две концентрации на зони, кои ги нарековме Урбани шуми. Се состојат од метални структури, клупи со  перфорирани настрешници, чијштто изглед припаѓа и на минатото и на сегашноста, чијшто изглед потсеќа на станично место на привремена структура, исто како што била иницијалната идеја на Универзална сала.
Секоја од овие структури го трансформира просторот со својата динамична игра на сенки и дозволува над самата настрешница да се издигне крошна од дрво, претходно засадено во самото јадро.

 

 

Еднакво битен аспект е поврзувањето на раскрсницата со другата страна од паркот, преку дијагонална пешачко велосипедска патека која го обвиткува просторот на летната сцена, се издига над неа и повторно се спушта на крајот од паркот.

За најмалите корисници во паркот, децата, ќе се обезбеди место за игра во песок, кое ќе биде под нивото на самиот партер, за да се дефинира границата за неговоро користење. Во истиот по внатрешноста на периметарот ќе биде интегрирана и дрвена клупа.

Целиот јавен простор меѓу одредените зони на користење ќе биде оплеменет со високо и ниско зеленило и различна партерна обработка, во рамките на хексагоналната мрежа.

 

 

Пристапи

Собраќајниот пристап останува од страна на улицата “Костурски Херои”, со тоа што се проширува за да ја задоволи потребната бројка на паркинг места. Што се однесува до пешачкиот пристап кон целокупниот јавен простор, партерот е подигнат само за 15 см / една скала од нивото на тротоарот, а пристапот за лица со посебни потреби е обезбеден преку пешачко велосипедската патека.

Материјализација

Партерот е изработен од бетонски плочи, каде што во склоп на хексагоналната мрежа се застапени две нијанси на бетон, потемна и посветла боја.
Клупите се соствени од бетонско корито исполнето со земја и озеленети со трева, по потреба и ниско зеленило-цвекиња и грмушки. Местото за седење е обложено со масивно дрво.
“Чадорите” се целосно од метална конструкција, боена во светло сива боја.
Сцената и гледалиштето имаат мазна бетонска обработка.
Сијалиците се метални тенки профили, во форма на хексагон и во горната зона се стаклени. Светлата имаат рефлекторска моќ, за да може светлосниот зрак што повисоко да биде видлив.

 

 

ТАБЕЛА СО ПОВРШИНИ НА КОРИСТЕЊЕ

 

 

бр. НАЗИВ НА ПОВРШИНА ПОВРШИНА КОЛИЧИНА
1 Летна сцена 706.85 300 гледачи
2 Урбана шума 1 129.84 8 “чадори”
3 Урбана шума 2 113.65 7 “чадори”
4 Зона за деца/Песок 97.42 1
5 Велосипедска/пешачка патека 382 1
6 Паркинг на партер 1189.15 40 возила
7 Слободна површина со урбана опрема 304.02 16 клупи
8 Зеленило 814.59 1

 

 

 

 

 

Автор на статија:

/ /