Иницијатива за промена на ГУП „Од напуштена фабрика до Студентски град“, како?

❗️Принципот на хуманизација на просторот кој воедно е и темелна вредност на Уставот на Р.С.Македонија е клучен механизам за квалитетен живот во градовите.
❗️Од друга страна, структурата на градот Скопје е доста богата со изградени објекти од различен карактер кои во екот на транзицијата се ☢затворени, напуштени, контаминирани☢ и заглавени во правниот систем и се оставени да пропаѓаат, а токму тие имаат голем потенцијал и можат да придонесат кон создавање на нови и иновативни културно-образовни средини кои недостасуваат во градот.
❗️Еден таков пример е и индустрискиот комплекс „Купрум“ кој повеќе од две децении претставува целосна спротивност на принципот на хуманизација на просторот. Иако се наоѓа во целосно урбанизирана средина, опкружен со станбени единици, тој претставува напуштена и контаминирана локација која е закана за локалното население и животната средина.

❗️Поради тоа, заедно со Градоначалникот

 

Aleksandar Naumoski

Општина Ѓорче Петров и

City Scope

, поднесуваме иницијатива до

Град Скопје

и Агенција за планирање на просторот.

 

❗️Иницијативата е предлог за промена од постоечката предвидена намена А(домување) согласно ГУП на Град Скопје 2012-2022 за оваа локација, во основна намена В(јавни дејности и институции); со што се надеваме дека ќе се создадат институционални и општествено-политички услови за ♻️ревитализација, деконтаминирање и пренамена♻️ на овој простор во интерес на младите. Овој процес ќе придонесе кон почитување на темелните вредности на Уставот, и конечно по две децении се надеваме дека ќе се создадат услови за хуманизација на просторот во рамки на парцелата каде се наоѓа индустрискиот комплекс „Купрум“.
❓Зашто баш овој простор?
Со површина од 22 000 м2, а изграденост на парцелата од само 3 300м2, преку ревитализација на овој простор, меѓу другото, Општина Ѓорче Петров но и град Скопје се здобиваат со можност за значително дополнително ?урбано зеленило?, бидејќи остануваат 18 000м2 неизградена површина. Урбаното зеленило е клучен механизам за борба против климатските промени. Ова е иницијатива која се спротивставува на забрзаното и непланско градење.
❗️Од друга страна, нашата држава нема функционален систем за справуање со индустрискиот одпад, па често тој се депонира неправилно, или воопшто не се третира. Конечно по две децении со оваа иницијатива се создаваат услови просторот да биде предмет на анализи, чистење, деконтаминација и ревитализација
❗️Ова е процес со кој државата ќе може во пракса да ги имплементира заложбите за висока еколошка одговорност, зголемување на урбано зеленило и определбата за „партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување на политики“;како една од клучните определби за демократско владеење.
❗️Се надеваме дека овој чекор, со промена на урбанистичката документација ќе биде вовед во изработка на физибилити студија, која ќе даде одговор за вистинскиот потенцијал на “Купрум”.
Скопје мора да се развива на оддржлив начин.
Дознајте повеќе за „Купрум – рудник на (суб)култура“ на следниот линк:
Иницијативата во целина на следниот линк:
chrome-extension://oemmndcbldboiebfnladdacbdfmadadm/https://culturalechoes.org/…/%D0%98%D0%BD%D0%B8%D1%86…