Истражување за камените завршетоци на отоманските религиозни градби во Македонија / Дишли, Инчи Фират

Наслов: Камени завршетоци на отоманските религиозни градби во македонските градови Битола, Охрид и Скопје

Автор: Гулшен Дишли – Gülşen DİŞLİ, Нурџан Инчи Фират – Nurcan İNCİ FIRAT

Издава: Megaron – официјален магазин на Факултетот за Архитектура при Јилдиз Техничкиот Универзитет во Истанбул, Турција.

Година: 2016

Извор: www.megaronjournal.com

 

Градовите Битола, Охрид и Скопје имаат многу културни споменици од отоманскиот период, а голем дел од нив се навистина врни примери на архитектонското творештво во рамки на целото тогашното царство. Денес Турција има огромен интересен и волја за зачувување на овие објекти, и тие се водители во доменот на нивата реконструкција.

Авторите го започнуваат ова истражување со цел помагање и подобрување на ваквите проекти. Тие се фокусираат на еден специфичен елемент кој на турски се вика алем – alem. Зборот оригинално потекнува од Арапски и значи да знае; да информира; да потенцира.

Ваквите орнаменти се поставуваат на врвовите на куполите или минарињата. Има различни верзии, но секогаш се состои од неколку форми наредени по вертикала.

 

 

 

Сл. 4, стр 323. – Рекнструкција на металниот алем од минарето на Хајдар Кади Џамија во Битола / извор: Vakıflar Genel Müdürlüğü Arşivi, 2015 

 

 

 

Орнаментот се дели на три дела: база, тело и круна. Базата се поврзува со архитектурата на која стои, дали е тоа полукругот на куполата или шпицот на кровот на минарето. Телото може навистина да варива, но обично има неколку тела кои наликуваат на ѓевречиња наредени по вертикална оска. Круната исто може да биде различни нешта, но честопати е во форма на полумесечина или заоблен шпиц.

 

 

 

Сл. 4, стр 322. – Шематски цртеж кој ги покажува деловите на алемот – преведен на англиски / извор: цртеж на авторите на истражувањето

 

 

 

Алемите имаат неколку функции:

  • Естетска функција – ја истакнува вертикалноста на архитектурата, го влечат погледот кон небото и со тоа објектот изгледа уште по висок.
  • Симболичка функција – овие орнаменти се поврзуваат со античките стандарди – симболи на сила и моќ. Се чувале во храмовите, а за време на војна се ваделе и се ставале на стап за да ги предводат војниците во битка. Познат пример за вакви орнаменти се римските воени стандарди, или пак луристанските стандарди. Тие биле присутни и низ старите турски племиња, кога исто се ставале и на врв на згради за да ја означат нивната религиозна значајност.
  • Статичка функција – алемите имаат функција и на клучен камен – конструктивен елемент кои додаваат екстра тежина на највисоката точка на куполата, ја стабилизира структурата така што спречуваат преовладување на хоризонталните сили.

 

 

Сл. 6, стр 324. – Шематски цртеж на пропоциите помеѓу алемот и куполата / извор: цртеж на авторите на истражувањето

 

 

 

Орнаментот најчесто се изработувал од метал, но има и неколку интересни примери кои се од камен. Ова истражување се фокусира конкретно на камените завршетоци, кои честопати се занемарени и недоволно документирани.

Истражувањето разгледува девет џамии и две турбиња, кои потекуваат од периодот помеѓу XV – XVIII век. Врз основа на историски фотографии, гравури и архивски податоци, авторите наоѓаат 14 оригинални камени завршетоци. Преку типолошка анализа тие се класифицирани врз основа на нивните форми, позиција на зградите, материјалите и слично.

 

 

 

 

Табела 1, стр 327. – Извадок  од табелата на споредби помеѓу различните алеми кои биле дел од истражувањето / извор: сите цртежи и фотографии припаѓаат на авторите на истражувањето

 

 

 

Овие елементи се сепак тенки мали врвчиња, и ваквата природа ги прави многу кревки и подложни на оштетување. Голем дел од нив веќе се загубени и честопати следејќи ги трендовите се заменуваат со метални алеми. Ова истражување има за цел да ги документира оваа специфична верзија на камени алеми и да обезбеди нивна заштита и соодветна репродукција при реставрации и реконструкции.

 

 

 

Сл. 10, стр 329. – Алемот на турбето на Али Паша  а) гравура од XVIII век / извор: Кумбараџи – Богоевиќ; 2008; стр. 49 – б) фотографија од состојбата во 2015 / извор: фотографска архива на авторите на истражувањето

 

 

 

Погледнете го целото истражување на следниот линк. Тоа е достапно само на Турски, но со денешните онлајн алатки за преведување лесно можете да продуцирате верзија на било кој друг јазик.