Избран нов управен одбор и претседател на ААМ
11.07.2024 • Информации
На неодамнешните избори спроведени помеѓу членството на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, избран е нов управен одбор и претседател со тригодишен мандат од 2024 – 2027 година.
За претседател на ААМ е избран архитект Валентино Константиновски, додека членови на Управниот одбор се:
Михајло Зиновски – потпретседател;
Билјана Насковиќ Спирокоска, Филип Марјановиќ, Ива Петрунова, Методи Хаџи Андов, Марија Димитриевска Цилакова – членови.
На новото раководство на ААМ, им посакуваме успешен мандат!
Кратка биографија на претседателот на ААМ:
Валентино Константиновски е роден на 19 јуни 1963 година во Скопје. Дипломирал 1990 година на Архитектонскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема „Архитектонски факултет“ под менторство на Проф. Димитрие Гулабовски.
Константиновски и припаѓа на помладата генерација архитекти од скопскиот факултет чија одлика се манифестира преку љубовта и посветеноста кон архитектонското творештво. Веднаш по дипломирањето се вработил во работната организација за проектирање и изведба на ентериери „Бујото“, каде работи до 1992 година кога преминува во претпријатието „Техника“, од каде се префрлува во проектантското биро „Инженеринг – Инвест“ во Скопје. Во 1994 година се здружил уште со четири архитекти и го основаат проектантското биро „Е.Т.А.П.А“. Постојан член е на Асоцијацијата на Архитектите на Македонија.
Од различната палета на објекти позначајни остварања се: Драмски театар, Скопје; Куќа на Елена; Комплекс „Бела“ ; „Ноќен клуб „Универзум“; Куќа „Коцки“ ;Станбен објект „Дишоо“; Куќа „Тријада“ и други.
Користен извор: „Созревање“ / 2011 година
Автор на статија: Filip Koneski
2024-2027 / ААМ / Асоцијација на архитекти на Македонија / Валентино Константиновски / Нов претседател / Нов управен одбор