Изложба на студентски трудови и архитектонски макети на тема: ,,Реконструкција на постојната здравствена установа ,,ЈЗУ Општа болница Струмица’’

На ден 20.03.2023 година во просториите на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) со седиште во Скопје, Вице-ректорот на Меѓународниот балкански универзитет Проф.д-р. Мевлудин Ибиш и градоначалникот на општина Струмица г-дин Костадин Костадинов ја отворија изложбата на студентски трудови и архитектонски макети на тема: ,,Реконструкција на постојната здравствена установа ,,ЈЗУ Општа болница Струмица’’.

 

 

Архитектонско проектирање VI, 7-ми семестар 2022/2023 год.

Тема: ,,Реконструкција на постојната здравствена установа ЈЗУ Општа болница Струмица.

Локација: Болнички комплекс при ЈЗУ ,,Општа болница Струмица”

Педагошки тим: Проф.Др. Александар Андовски,раководител, Асс.Проф.Др.Марко Ичев, асс.Надица Ангова Колевска м.арх, асс.Онур Шемсединовски м.арх, Исра Асани м.арх.

Универзитет: Меѓународен балкански универзитет (МБУ) Скопје

 

 

Водени од потребата за подобрување на условите за работа на персоналот како и подобрување на згрижувачките капацитети за пацитетите кои гравитираат кон ЈЗУ ,,Општа болница Струмица”, студентите од 4-та година, во рамки на предметот Архитектонско проектирање VI, во 7-ми семестар, изработија свои студентски трудови кои вклучуваат: реновирање на постојната здравствена установа со реновирање на три ката од централната зграда, партерно уредување на целиот комплекс и решавање на долгогодишниот горчлив проблем со паркирањето во рамките на комплексот со обезбедување подземен паркинг на 3 ниво-а во точно определен дел од комплексот.

 

 

Проектната програма за севкупниот болнички кампус беше подготвена во непосредна комуникација со менаџерскиот тим и персоналот на болницата. Во рамки на предметот, беше организирана и студиска посета на градот Струмица и ЈЗУ ,,Општа болница Струмица” лоцирана во централното градско подрачје при која студентите имаа можност преку анализа на постојната состојба на терен да ја утврдат состојбата во која се наоѓаат постоечките објекти во рамки на комплексот. Севкупниот процес резултираше со низа предложени архитектонски решенија од страна на студентите, преку кои истите се обидоа со своето визионерско планирање да дадат свој енормен придонес кон понатамошното унапредување на условите за работа и функционирање на болницата.