Манипулации од страна на кандидатите за стекнување на овластувања – Известување на КОАИ

Комисиите за издавање на овластувања при КОАИ се соочуваат со голем број на манипулации од страна на кандидатите за стекнување со овластувања. Дел од манипулациите се поддржани од членовите на Комората, преку неверодостојни потврдувања на референтните листи на кандидатите.

Со цел суспендирање на овие неетички однесувања, во иднина Комората ќе спроведе интензивни проверки на документите и вкрстување на податоци (проектирање-ревизија, изведба-надзор и планирање), а ќе направи напори и за прибирање податоци за кандидатите од страна на надлежните органи (Министерство за транспорт и врски и/или единиците на локалната самоуправа).

Доколку бидат констатирани неверодостојни документи, Комисијата ќе предложи дисциплинска постапка до Дисциплинската комисија, во две нивоа:

Дисциплинска постапка со која ќе се забрани аплицирање за стекнување на овластување на одреден период,

Дисциплинска постапка со која ќе се суспендира овластување на член на Комората кој невистинито ќе потврди референтна листа на кандидат за стекнување на овластување.

Во таа смисла, Комората апелира на совесност кај своите членови и кандидатите за членови на Комората, при процесот на стекнување на овластувања, зачувување на личниот интегритет на членовите и дигнитетот на Комората.