Halpern, Joel Martin / Фотогалерија Скопје 1954
03.01.2025 • Истражување Фотографија
Антропологот Џоел Мартин Халперн (1929- 2019) е познат по неговите студии за модернизација на Балканот. По додипломските студии по историја на Универзитетот во Мичиген (БА, 1950), Халперн влегува во реномираната програма за антропологија во Колумбија, добивајќи го својот докторат во 1956 година за проучување на селото Орашац во поранешна Југославија, што пак стана основа на неговата прва книга Српско село (Н.Ј., 1958). По две години работа во Лаос како службеник за теренска служба во Одделот за развој на заедницата на Администрацијата за меѓународна соработка на САД, Халперн постанува член на факултетот во UCLA, Brandeis и Рускиот истражувачки центар на Харвард (1965-1967) пред да прејде во UMass Amherst во 1967 година. Халперн е пистаел и уредник на десетици книги за Балканот и Југоисточна Азија, вклучувајќи Српско село во историски контекст (1972), Променливата селска заедница (1967), Променливото селанство на Источна Европа (1976) и Далечниот Исток доаѓа блиску (1989).
На пределот во Македонија Џоел заедно со својата жена Барбара, прави фотографски посети во 1953, 1962, 1973 и 1978 во различни градови и села од Македонија. Во прилог фотогалерија од првата посета на Скопје во 1954.
Сите фотографии се преземени од : https://credo.library.umass.edu
Автор на статија: Мартин Ефремовски
1954 / Halpern / Joel Martin / Скопје / фотогалерија