Јоне Јанкоски ќе има свое излагање на Четврта Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Јоне Јанкоски е архитект и R&D Тим Лидер во Chaos/Cylindo, специјализиран за Трансдисциплинарна Синтеза – методолошки пристап кој ги спојува компјутерското инженерство и напредната архитектонска теорија. Неговата професионална патека е обликувана преку менторство со проф. Борис Чипан и соработка со проф. Жозеп Љуис Матео, како и преку длабока посветеност кон современите дигитални практики во AEC индустријата.

Во својата работа, Јоне користи напредни алатки за оптимизација на дигиталните работни текови и активно придонесува кон архитектонскиот дискурс. Тој е член на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а редовно учествува на национални и меѓународни изложби, каде ги презентира своите истражувачки и проектантски резултати.

На претстојната Четврта Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, Јоне Јанкоски ќе се претстави со своето излагање на тема: „Синтезата меѓу теоријата и технологијата: Како параметричното инженерство ја обликува идната градежна форма“, составено од два дела, теорија и пракса. Во теорискиот дел тој ќе се осврне на краткат историска генеза, но и на принципите на Form Finding (Изнаоѓање на Форма). Во практичниот дел, ќе се фокусира на современите софтверски алатки за структурална оптимизација на формата, илустрирајќи го процесот преку реални примери. Крајот ќе го заокружи со примена на параметрични алатки во одржлив интерактивен урбанизам.

Извор: КОАИ