Колоритна интервенција за Железничка станица – Скопје / Николовски

Година: 2017/18

Предмет: Пластично обликување 2 /Јавна уметност (Public Art)

Автори: Јосиф Николовски

Ментор: Наташа Милованчев

Концептот има за цел да го промени изгледот на новата железничка станица во Скопје. Со оглед на тоа што моменталната состојба на македонскиот железнички транспорт е незавидна, со тоа и железничките станици остануваат заборавени во времето и не се подновуваат, ниту реконструираат. Во минатото, железничкиот сообраќај бил најдобриот и најбрзиот начин на транспорт, па така сите железнички станици биле проектирани така да тие ја претставуваат сликата на градот при влез во истиот.

Просторите биле репрезентативни и карактеристични за секој град. Концептот е да на наједноставен начин се смени и обнови ликот на новата железничка станица. Односно, предложено е графичко решение или мурал, кое би се исцртало на платото кај главните перони на железничката станица. Направена е композиција која ја преставува динамиката и различноста на градот. Па така при пристап во главната железничка на главниот град, платото ќе ја надополни сликата на градот. Со самото исцртување на платото, кубичните волумени ќе бидат обоени во истите бои кои што го дефинираат самиот мурал.

Обоени, нивната карактеристична геометрија и композицијата од повеќето, ќе ја ревитализира силуетата на железничката на Кензо Танге. Со оваа интервенција, во иднина се отвора простор за нови инсталации, настани, обновување на пероните, модернизирање на изгледот и/или комплетно програмско реобмислување на платото на железничката станица. Инаку, за идејата за ревитализација на простор со графичко решение или мурал инспирацијa беа разните мурали низ европските метрополи, идеите за колоритни плоштади и нивниот ефект како нов социјален атрактор.

 

Ф.К