Соседи: Како да живееме заедно? | Интегративно студио 9.1 (дел 1)

Семестар: V година, зимски семестар 2023/2024

Тема: Соседи: Како да живееме заедно? (Шест лица го барат архитектот)

Локација: Кеј на реката Вардар

Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Александар Петановски, Марија Петрова, Христијан Ивановски

 

Темата на заедничко живеење со себе носи низа предизвици од просторен, но и социо-културен аспект. Насловот на студиото:Соседи: Како да живееме заедно? (Шест лица го барат архитектот) е инспириран од драмата на Лујџи Пирандело „Шест лица го бараат авторот“.

Па така од почеток се поставува прашањето за тоа како се проектира дом за однапред утврдени жители и како нивните активности треба да се истражуваат во просторна смисла. На оваа тема, во првиот дел од семестарот, одговорите се бараа надвор од архитектонскиот домен преку гостински предавања со цел задлабочување во процесот на формирање на ликови. Првиот гостин, актерот Благој Веселинов, посочи на нераскинливата врска на глумата (активност) и сцената (просторот), понатму сценаристот Димитар Банов постави јасен начин на оформување на лик преку сукцесивно напластување на заплети и за крај графичкиот дизајнер Лабин Новков ја воведе темата на мапирање на референци со цел колажирање на една целина..

На овие отворени теми од социо-културен аспект се спротистави просторната сложеност на локацијата за домот на шесте лица/семејства. Локација на ова студио се наоѓа на улицата Лазар Личеноски, помеѓу Скопското Кале и кејот на реката Вардар. Парцелата со своја органска форма се наоѓа помеѓу значајни куќи, спомен куќата на Лазар Личеноски од архитектот Славко Брезовски, Вилата Живка и плоштадот со бетонските елементи од архитектот Петар Муличкоски.

За тоа како да се постапи во една вака сложена прoсторна и социјална неколку проекти се трудат да дадат одговор. Нивните концепти се простираат во различни правци, во вид на јасна структура од линија и кула, група од вертикали, традицинална форма на македонска куќа со четири воден кров итн.

 

Проект 1: Јована Стојановиќ

Во фаза на развивање на проектот започнав од дефинирање на самите ликови, нивните различни карактеристики и барања. Шест лица со различни приказни, што е тоа што ги спојува. Па од тука концептот се состои од два волумени кои се поврзуваат со постојната локација, но и внимаваат да не го попречуваат видикот на истата. Генерички имаме состав од точка и линија, односно кула и линиска куќа за домување.

Во кулата се сместени тројца студенти, а тоа се Леонард, Александрос и Јована. Леонард студент по уметност го изрази своето мислење, за тоа како уметноста му дозволува да се открие себеси, исто како танцувањето, музиката или пишувањето. Александрос сака да црта фрески кои ги изработува со многу внимание и деталност. Но карактеристично за него е тоа што пее во рок бенд. Јована студент по архитектура, која во слободно време си игра со своите папагалчиња.

Од друга страна ја имаме куќата за домување во која е сместено четиричленото семејство и поединецот. Мајката Ана е професор по математика, додека таткото Жарко е машински инжинер, кои имаат две дечиња а тоа се Јована и Мартин. Од горната страна е домот на поединецот Кристофер. Син на истакнат морски биолог зоолог. Австралиски филмски продуцент ги погледнал фотографиите на Кристофер и му понудил понуда за филм, па така започнала неговата кариера како актер.

Поетиката на просторот е оформена така што овие два сегменти се поврзуваат меѓусебе со заеднички скалила надворешни како и внатрешни. Заеднички дворови и простори за комуникација. Карактеристично за фасадното обликување се вертикалните поставените столбови кои ја акцентираат но и се поврзуваат со постоечката ограда од Муличковски.

 

Основа на ниво -3.60

 

Проект 2: Ангела Бурова и Николина Колевска

Концептот се состои од три сегменти кои се извишуваат и стануваат доминантни и воедно ја нагласуваат конструкцијата на објектот, додека просторот помеѓу нив останува флуиден за потребите на корисниците. Поставеноста на објектот е во позадина од рамките на површината, со цел отстапување на непречен поглед на околните куќи, но доволно истакнат за да ја прикаже својата величенственост. Објектот претставува една модерна утопија наспроти постојните значајни куќи, но сепак истовремено и корелација на нив во висина и поставеност за доживување на непречен пејсажен поглед кон реката Вардар и Скопското Кале.

 

Ситуација со приземје
Пресек 1-1
Пресек 2-2

 

 

 

 

Проект 3: Ален Вејселовски и Селмин Јозуновски

Проектот е замислен како коцка одделена со динамични коридори помеѓу, секоја страна од коцката претставувајќи едно од шесте семејства. Концептот се фокусира на унапредување на врските меѓу семејствата во различни области. Од идејата за заеднички активности и ресурси со взаемна поддршка до индивидуални интимности.

Секоја страна на коцката се асоцира со специфичен аспект од животот на семејствата, формирајќи целосен и соработен проектен облик. Во планиметрија, приземјето и подземното ниво се предвидени за заеднички содржини, постои и подземен тунел кој води до лифтовска кула којашто излегува во склоп на калето, а од друга страна на првиот кат постои мост кој гради врска со кејот на Вардар. Од првиот кат почнуваат приватните станови и тие по типологија се делат на станови кои се развиваат само на едно ниво, на две нивоа и на три и четири нивоа.

Ситуација со приземје

Пресек 2-2
Изометрија
Визуелизација

Референци: