Соседи: Како да живееме заедно? | Интегративно студио 9.1 (дел 3)

Семестар: V година, зимски семестар 2023/2024

Тема: Соседи: Како да живееме заедно? (Шест лица го барат архитектот)

Локација: Кеј на реката Вардар

Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Александар Петановски, Марија Петрова, Христијан Ивановски

 

Темата на заедничко живеење со себе носи низа предизвици од просторен, но и социо-културен аспект. Насловот на студиото:Соседи: Како да живееме заедно? (Шест лица го барат архитектот) е инспириран од драмата на Лујџи Пирандело „Шест лица го бараат авторот“.

Па така од почеток се поставува прашањето за тоа како се проектира дом за однапред утврдени жители и како нивните активности треба да се истражуваат во просторна смисла. На оваа тема, во првиот дел од семестарот, одговорите се бараа надвор од архитектонскиот домен преку гостински предавања со цел задлабочување во процесот на формирање на ликови. Првиот гостин, актерот Благој Веселинов, посочи на нераскинливата врска на глумата (активност) и сцената (просторот), понатму сценаристот Димитар Банов постави јасен начин на оформување на лик преку сукцесивно напластување на заплети и за крај графичкиот дизајнер Лабин Новков ја воведе темата на мапирање на референци со цел колажирање на една целина..

На овие отворени теми од социо-културен аспект се спротистави просторната сложеност на локацијата за домот на шесте лица/семејства. Локација на ова студио се наоѓа на улицата Лазар Личеноски, помеѓу Скопското Кале и кејот на реката Вардар. Парцелата со своја органска форма се наоѓа помеѓу значајни куќи, спомен куќата на Лазар Личеноски од архитектот Славко Брезовски, Вилата Живка и плоштадот со бетонските елементи од архитектот Петар Муличкоски.

За тоа како да се постапи во една вака сложена прoсторна и социјална неколку проекти се трудат да дадат одговор. Нивните концепти се простираат во различни правци, во вид на јасна структура од линија и кула, група од вертикали, традицинална форма на македонска куќа со четири воден кров итн.

 

Проект 7: Сања Љубиновска, Ана Младенова

Проектот “Шест лица го бараат архитектот” претставува иновативен пристап кон дизајнирање на живеалишта во споделено соседство. Со фокус на заедниците ги задоволуваме потребите на 6 фамилии со различни стилови, преференци и потреби.

Уметничката кула е еден од уникатните простори кои ги создадовме за специфичните потреби на уметникот. Таа не само што нуди приватно и инспиративно студио, туку  обезбедува и простор за изложба на уметничките дела. Локацијата на кејот на реката Вардар допринесува кон визуелната и креативната интеграција на уметникот со околината. Функционален фокус е чардакот со кој внесуваме елеганција и традиционални влијанија во проектот. Со својата архитектура го означува централното јадро на заедничкиот простор и претставува мост меѓу минатото и иднината.

 

 

Проект 8: Јована Гиновска, Александар Спасиќ

Концептот на овој проект произлегува од контекстот во кој се наоѓа самиот објект чија пак структура произлегува од самата програма и потребите на жителите. Самите жители доаѓаат од 6 различни позадини со сопствени, уникатни потреби и цели. А самото архитектонско решение е одговор на истите, но и нуди простор за заеднички активности: храна, работа, одмор, забави, социјализација, уметност.

Просторот за домување се состои од две куќи каде примарно се престојува, а едната од нив вклучува и простор за работа кој е во врска со улицата “Лазар Личеноски”. Двете куќи се со слично просторно решение, но прилагодени на потребите на жителите како и на контекстот. Во собите се јавува поделба на 3 дела, приватно-заедничко-приватно, односно спална соба-заеднички простор-спална соба. Двете куќи со своите сличности и разлики, одговараат на карактерите на луѓето, а се поврзани со амфитеатрални скали, коишто освен што прават врска со улицата и дворот, така и се простор за судир, спојување, разговор.

 

 

Проект 9: Дино Машковиќ

Волуменски објектот е составен од 3 кубуси кои се поставени така што да корелираат со соседните куќи формирајќи перспективни длабочини и воедно новопроектираниот објект формира рамка која ги врамува во заден план постоечките куќи.