КАКОВ ГРАД? / Просторна интервенција, перформанс и музички настан
27.04.2024 • Информации
Датум: 28.04.2024(недела)
Место: Железничка зграда, ул. Борка Талевски 26, 1000 Скопје.
Време: 12:00 -15:30 часот.
КАКОВ ГРАД?
Настанот КАКОВ ГРАД? претставува еден од серијата јавни настани/интервенции во јавен простор развиени во рамки на едукативната платформа Градот како сцена: Изведување на јавниот простор.
Ментор: Филип Јовановски
Учесници (студенти од Архитектонски факултет – Скопје, млади архитекти и визуелни уметници): Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Марија Аризанковска, Екатерина Добривојевска, Катарина Томиќ, Крсто Глигоријадис, Ангела Трајкова.
Во еден едукативен процес на читање на градот, се обидовме заеднички да одговориме на прашањето: КАКОВ ГРАД? (ни треба). Тука се неколку одговори, а на настанот во недела ќе има уште многу повеќе, фокусирајќи се на прашањата во која насока го гледаме нашиот иден ГРАД.
КАКОВ ГРАД? – ИНКЛУЗИВЕН? КСЕНОФОБИЧЕН? МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН? БАРОКЕН? СО (НОВА) УНИВЕРЗАЛНА САЛА? СО НОВИ ЗГРАДИ? СО ТРАМВАЈ? СО ЖЕНИ? СО МАЖИ? СО ПРАЈД? СО РОМИ? ДЕМОКРАТСКИ? ТОТАЛИТАРЕН? СО ДОГРАДЕНО СКОПЈЕ 2014? ОД СТИРОПОР? ОД БЕТОН? ПАРТИЦИПАТИВЕН? СО МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР? СО ПЕНЗИОНЕРИ? СО СПОМЕНИЦИ? АНТИФАШИСТИЧКИ ИЛИ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ? СО ВЕРГИНИ? СО ПАЈТОНИ? СО БРТ? ОСЛОБОДЕНИ ТРОТОАРИ? СО МЛАДИ? БЕЗ МЛАДИ? КАКВИ МЛАДИ? МЛАДИ? СО НЕЗАВИСНА КУЛТУРНА СЦЕНА?
Работата во рамки на платформа Градот како сцена: Изведување на јавниот простор се надоврзува на неколкугодишното истражување и работа на интердисциплинарниот уметник и архитект, Филип Јовановски во рамки на програмските активности на организацијата „Факултет за работи што не се учат “ во насока на истражување на јавни простори и подоцна продукција на истражувачки перформативно – театарски проекти(претстави)/интервенции за истите тие простори. По работата на ФРУ во објектите и јавните простори како Железничка зграда, Универзална сала, Македонска пошта, објектот Домче, ГТЦ и плоштад „Македонија“ во Скопје, новата фаза во рамки на оваа платформа/лабораторија предлага младинско вклучување и перспективи, односно активна работа со студенти од Архитектонски факултет како и сродни факултети, кои ќе можат да создаваат заедно со граѓаните и за општото добро.
Преку Методологијата на читање на згради (јавни простори во градот, издадена во релевантни интернационални списанија), користејќи различни пристапи на истражување и вклучување на заедницата и експертите од различни области и практикување на различни изведувачки средства, истата има за цел јавниот простор да го трансформира во сцена на која се „изведуваат” проблемите на заедницата како заложба за менување на општата ситуација. Во таа насока, јавниот простор (градот) станува сцена за акција, за промена, трансформација, вклучување и активирање на заедницата, граѓаните, експертите, студентите како и пошироката јавност.
Еден од главните фокуси во рамки на оваа платформа е активирање на просторот на киното во железничката зграда, како потенцијален заеднички простор кој треба да го користи пошироката заедница на граѓани. Во таа насока, настанот КАКОВ ГРАД? исто така отвора, иницира идеи во која насока сакаме ова кино да го активираме да биде активно за пошироката заедница. Ги истражуваме капацитетите на киното во железничката зграда и неговиот потенцијал да стане активен простор за заедницата, користејќи веќе постоечки ресурси кои претставуваат основа да се изгради/осмисли оваа просторна инсталација која треба да зборува за потенцијалот на овој јавен простор со цен да стане функционален и корисен за заедницата.
Програма:
12:00 -12:30 – чин 1: Каков град?
Просторна перформативна интервенција во јавен простор
Оваа просторна интервенција е развиена под менторство на Филип Јовановски и во соработка со: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Марија Аризанковска, Екатерина Добривојевска, Катарина Томиќ, Крсто Глигоријадис, Ангела Трајкова.
12:30-13:00 – чин2: Каков (градски) човек?
„(Де)конструкција на машкоста” – Изведба на перформанс на Крсто Глигорјадис
“(Де)конструкција на машкоста” се осврнува на историската традиција “breeching ceremony” која го обележува преминот во машкоста. Звукот кој одекнува од чеканот што удира по јагленот е промислен бунт против ограничувањата на традиционалната машкост, изразувајќи го патувањето на уметникот и колективната борба на мажите во денешното општество. Кршењето на јагленот не само што ги симболизира распарчените очекувања, туку исто така ја отелотворува уништената состојба на менталното здравје на мажот, ограничен од општествените притисоци. Двиежењето преминува од контролирани движења во емоционално крешендо – доказ за отпорот потребен за да се предизвика и редефинира машкоста. Остатоците од парчињата јаглен ја отсликуваат редефинираната машкост ослободена од општествените стеги, опфаќајќи ја емоционалната длабочина, ранливост и инклузивност. Перфромансот ја нагласува постојаната борба на мажите да се ослободат од општествените стандарди, поттикнувајќи дијалог за менталното здравје, мажот во современото општество, поврзаноста со татковците и товарот на невидливите очекувања од мажите, притоа поканувајќи ја публиката да ги проценат сопствените искуства додека ги предизвикуваат и преобразуваат општествените норми.
13:00- 15:00 – чин 3: Каков ГРАД НА КУЛТУРА?
- Соларна кујна – Уметнички проект/интервенција на Никола Узуновски
Соларни кујни на Никола Узуновски е долгорочен проект во кој тој соработува со уметници, научници и локални заедници за да развие различни форми на кујни кои ја користат сончевата светлина како единствен извор на енергија. Секоја варијација е уникатна и направена специјално за нејзините географски услови и културен контекст. Таа го спојува научниот процес со медиумскиот аспект на уметноста за да отвори покомплексно искуство и акцент како овие две сфери се поврзани. Овој проект е развиен преку организирање работилници и продукција на нови варијации. Овој процес, кој е колективен придонес на мултидисциплинарна група, од научници до уметници, ќе биде претставен како уметничко дело на одредени јавни настани кои ќе ги споделат овие идеи и пристап до што е можно поширока и разновидна публика.
- Каков град сакамееееееее – ИНДОГ – винил ДЈ сет
Горан Костовски – Индог, илустратор, радиоводител и диџеј. Индог, изминативе 20тина години, претставува еден важен скопски шетач, талкач, Flâneuse(фленер) низ градските улици, оживувајќи ги фасадите (во главно тие на градски ѕид,ама и други) со своите со цртежи, активистички гестови, „шкртаници” и позитивни борби во одбрана на ГРАДОТ.
Проектот е поддржан од: Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република С. Македонија.
Автор на статија: Filip Koneski
Железничка зграда / Каков град сакаме / перформанс / Филип Јовановски