Канцелариски простор PIXYLE.AI /NEY_ARCHITECTS
15.05.2023 • Ентериер и мебел
Година: 2023
Автори: Сема Јакупи, Ертан Сезген, Флоранда Мухареми
Студио: NEYARCHITECTS
Локација: Штип
Површина: 172 m2
За потребите на фирмата PIXYLE.AI – Artificial intelligence in fashion e-commerce, се изработи решение за реконструкција на дел од постоечки простор со проект за ентериерно уредување.
Преку внатрешна трансформација на просторот се пристапи кон задоволување на барањата на инвеститорот:
– common space кој ќе служи како кујна, снек бар, собирно место, место за релаксирање, место за состаноци и забави, отворена канцелариска просторија.
– мал амфитеатар: кој ќе служи за презентации, состаноци и настани но и алтернативен простор за работа.
Овие 2 простории имаат можност за заедничко функционирање и реорганизација.
– soundproof boxes: кои служат за приватен разговор со клиенти и online состаноци. Предвидени се вкупно 4.
– Мултифункционален ходник: покрај комуникациската, истиот има и дополнителни функции за одлагање на канцелариски материјал, печатење и позиции за работа без седење.
– Kанцеларии: во духот на познатите холандски градови се предвидени визуелно различни простори кои создаваат идентитет.
Автор на статија: Filip Koneski
NEYARCHITECTS / Ертан Сезген / канцеларија / Сема Јакупи / Флоранда Мухареми / штип