Караван на културата / Фестивал за обнова на Дом на култура – Ченто

Населбата Ченто порано имаше прекрасен дом на културата што го посетуваа илјадници луѓе низ годините. На површина од цели 2800 метри квадратни, бина од 85м2 и сала со 328 седишта, овој простор биеше како културно срце на населбата. На огромна штета на илјадници граѓани на Скопје, веќе 25 години Домот на културата е мрачно, руинирано, неупотребливо место.

По примерот на многу европски метрополи, на Скопје и на другите градови низ Македонија, потребна им е стратегија за решавање на сложениот проблем со руинираните објекти, во чии просторни капацитети може да се направи соодветна интервенција и да се оспособат за нова функционална програма, според потребите на граѓаните.

Здружението Културно Ехо го организира овој еднодневен културно-едукативен настан со цел да покрене иницијатива за обнова на напуштенот Дом на културата во населба Ченто, преку вклучување на локалната власт, граѓанските организации, уметниците и локалните жители.

ПРОГРАМА:
од 10:30 до 12:30 – ЕКО АКЦИЈА за расчистување на внатрешноста на руинираниот Дом на култура 11 Октомври Ченто и симболично метење на театарската сцена.

13:00 – Парк Методија Адонов Ченто
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА:  Како од напуштен објект до мултифункционален и самоодржлив културно-едукативен простор, надвор од центарот на градот?
(учесниците ќе бидат објавени наскоро)

МУЗИЧКА ПРОГРАМА – Парк Методија Адонов Ченто
15:00- Drums & Percussion Дамјан Грујо
16:00 – Man In a Suit – Куманово
17:30 – DJ сет на Ненад Стефановски од Foolish Green – Скопје

*Во склоп на музичката програма ќе се одржи работилница за перкусија за сите заинтересирани

За организаторот:

Културнo ехо е меѓународна, невладина и независна организација со седиште во Скопје, Р. Македонија. Со осврт кон архитектурата и други уметности, па се до компјутерските и правните науки, нашата мисија е да ја промовира корпоративната урбана и еколошка одговорност; повторно откривање, редефинирање и решавање на заедничките прашања преку конвенционални стратегии и нови перспективи за создавање на одржлив урбан, социјален, општествен и културолошки развој.

https://culturalechoes.org/Map

Настанот е бесплатен и е поддржан од Град Скопје и Општина Гази Баба.

Локацијата е паркот Методија Андонов Ченто кој се наоѓа помеѓу булеварите Ченто и Маџари. До местото може да се стигне со автобусите 23, 45 и 65. Доколку не ви е позната оваа област, предлагаме да ја погледнете точната локација овде:

https://www.google.com/maps/place/

Извор и повеќе за овој настан >>> https://www.facebook.com/events/626959781153424/