Овозможено online следење на обуката за примена на Ценовникот за висината на минималиот надомест на инженерски услуги

Комората на овластени архитекти и инженери, Ве известува дека сите оние членови  кои не успеаа да се регистрираат за физичко присуство на обуката, овозможен е он-лајн пренос преку ZOOM апликацијата.

Планираната обука е за примена на Ценовникот за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата, објавен е на 01.12.2022 година во Службен весник на РСМ и дополнет со  Анексот кон Ценовникот, објавен на 13.02.2023 година во Службен весник на РСМ.

Во изминатиот период од неполна година, очекувано беше да се појават прашања, дилеми и различни толкувања во начинот на кој треба да се пресметува инженерската услуга во областа виоскоградба.

Токму затоа во годишната програма на КОАИ за 2023 година, планирани се обуки за примена на Ценовникот за сите инволвирани страни Договорни органи – Инвеститори – од Јавен и Приватен сектор и даватели на инженерските услуги.

Обуката е наменета за Даватели на инженерските услуги – членови на КОАИ, а со цел да даде појаснување на следните точки:

  • Изготвување на понуди за Тендерски постапки и понуди без тендерска постапки со примена /почитување на Ценовникот за инженерски услуги,
  • Предлози за дополна ,надградба и корекција на Ценовникот врз основ на досегашното искуство и
  • Механизам за негова применливост и контрола.

Агенда: