Колекција на фотографии од историските маркери на Скопје / Сувенири Скопје
03.01.2026 • Фотографија
Годинава ја започнуваме со фотогалерија од колекцијата на „Сувенири Скопје“ од историските маркери на Скопје. Идејата е да ја потикнеме свесноста за состојбата на културното наследство на градот кое го дефинира идентитетот и визуелните впечатоци на жителите и посетителите.
Колекцијата е составена од 5 фотографии:
- Камен мост;
- Скопска тврдина;
- Аквадукт;
- Саат кула;
- Ристиќева Палата.
Од историската линија на градот недостасува мотив од Скупи и можеби Тумба Маџари, но истата секако во иднина ќе се надградува. Идејата зад „Сувенири Скопје“ е пред се сувенир за скопјани, кои треба да го реоткријат градот на кој насушно му треба нашата љубов. Откако ние ќе го забележиме и вистински се грижиме за градот, неговата промоција пред посетителите доаѓа природно и вистински.
Сите фотографии и сувенири можете да ги пронајдете и набавите на следните линкови:
Автор на статија: Filip Koneski
5 фотографии / Историско Скопје / Колекција / сувенири скопје / Фотографии





