Комплекс куќи кај Варналиите

Автор:

Година: 1868

Локација: Велес

Фотографии: 2009 / Филип К.

 

Локација / Велес

На 20ти декември, во пламен исчезна дел од комплексот куќи, познат како Варналиите.  Истите се водеа како заштитено културно добро бидејќи се дел од  градителското наследство, архитектура на традиционалната македонска куќа  од XIX век.

 

 

Како и поголемиот дел од градителското наследство, така и овој случај, тоа стои единствено на хартија. Со тоа сопствениците се оневзможени да ги создадат условите за нормално живеење, додека државата не го превзема товарот за нивно реставрирање, адаптирање или пак во краен случај откупување. Истото резултира со загуба и на човечки живот, сопственикот на куќата 🙁 .

 

 

За исклучителноста на овој комплекс куќи и комерцијалниот потенцијал посведочи и нивното кадрирање во до сега најуспешната македонска туристичка кампања „Macedonia Timeless“ од страна на  режисерот со светско реноме, Милчо Манчевски.

 

 

За сега не е познат ставот на општината, ниту на Министерството за култура, дали ќе пристапат кон целосна реконструкција на комплексот, вклучувајќи го  и делот кој изгоре.

 

 

Живописноста на овие сокаци  е нешто кое секојдневно исчезнува. Впрочем според списокот  на Националниот Конзерваторски Центар од 2007-та во Велес имало 83 куќи кои се под заштита на државата, репрезенти на традиционалната архитектура на XIX и почетокот на XX век.  Колку од нив сеуште стојат е дискутабилно.

 

Во пламен исчезна и куќата на Габерови,  изградена во месноста Дворови, своевремено турска куќа на бег ( крај на XVIII век ).  Објект со раскошен ентериер, резбани таваници, фреско  ѕидна декорација.

 

Таваница во  куќата на Габерови / tirekovmirece.com

 

Кога би се направила пресметка и план за целосна реконструкција на овие објекти, финалните бројки од неколку милиони евра би бил поразителен факт за загубата на цел еден слој културно добро, градителско наследство, историја.

 

 

Зар овој туристички потенцијал, објекти во кои можат да се организира културниот живот на градот ( библиотеки, здруженија, преноќишта, кафе бистроа, поетски читања, сликарски ателјеа, работилници и сл.), не вредат да се создаде креативен проект, за кој би се побарувале средства од фондови, или пак се подигне кредит од светска банка?

Немањето финансии е најголемата лага на нашето општество, но одлична поткрепа за летаргичното менаџирње на градовите, општините, државата :/ .

 

Повеќе за историјата на куќите можете да прочитате тука >>>