Мотиви од македонските градови / Крижман

Автор: Томислав Крижман / хрватски сликар

Година:  од 1912 до  1922

Извор:  Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950

Насловна: „Душанов град“

 

Деновиве наидовме на една инзвонредна страна, Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година,  резултат на 15 годишното истражување  на Влатко Милошевски. Страната  се бави со истражување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период од  1850-1950 година.

 

 

 

 

Овие дела покрај својата уметничка вредност претставуваат и архивски материјал, кој зборува за македонското градителство, пејсажи, обичаи, живот. Во доменот на нашиот интерес, во соработка со страната  Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950, ќе Ви ги презентираме во одреден временски интервал, авторите  кои сликале  мотиви од македонските градови.

За својата страна, авторот ќе истакне: „Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња“

 

Улица во Велес 1919, бакрорез во боја

 

Оваа заедничка соработка, ќе ја започнеме  со објава за делата на хрватскиот  автор ,Томислав Крижман, кој ја посетува Македонија неколку пати помеѓу 1912 и 1922.

Крижман креира две мапи со бакрорези и литографии со Мaкедонски мотиви кои се објавени во 1917 и 1918, а усто таке уште една комплетна мапа со Македонски дела е спремна во 1937 но за жал не е публицирана. Крижман гравира голем број на градски сцени од Скопје, Битола, Охрид, Тетово, Велес како и сцени со Македонски селани. Овие дела се денес во колекцијата на Националната и Универзитетска библиотека во Загерб, Хрватска, Националниот Музеј во Белград, Виена, Минхен , Париз и Рим.

Интересен факт: Она што Крижман дополнително го поврзува со Македонија е и неговото пријателство со врвниот македонски уметник Никола Мартиноски. Имено во 1936 и 1937 година, Мартиноски има заедничка изложба на цртежи во Загреб со Томислав Крижман.

 

Улица во Тетово

 

 

 

Роден во Орловац крај Карлово на 21.07.1882, починал во Загреб на 24.10.1955. Кризман дипломирал на Трговското Школо во Загре и студирал графика и сликарство кај професорите Бела Чикоши-Сеси и Менци Клемент Црнчиќ. Помеѓу 1903-09 стурирал сликарство и графика на Ликовната Академија во Виена. Таму соработува и изложува со врвни Југословенски уметници:И. Мештровиќ, Надежда Петровиќ, М. Рачки, Грохар, Јама итн на Виенскиот “Хагенбунд„ и “Сецесии„. Подоцна пецијализирал во Минхен.

 

 

Улица во Охрид

 

Патувал низ Далмација, Босна, Косово и Македонија, воглавно сликајќи пејсажи и градски сцени. Од 1912 Кризман работи во Загреб, прво во Дрикарското школо и од 1922 как професор на Загребската Ликовна Академија. Иако сликари и со маслена техника, неговата ликовна репитација се должи воглавно на неговата графичка работа со бакрорези и литографии. Изложувал во Загреб, Љубљана, Белград и работел на припрема на книги. Бил еден од оснивачите на Пролетниот Салон, магазинот “Дело„ како и групата “Медулиќ„.

 

_ _ _

 

За да ги следите објавите на изворот, посетете  ја fb страната >>>