Вечерва ПРОЛЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈН / 3
28.05.2026 • Информации
Вечерва во 18 часот започнува третиот настан од неформалниот фестивал ПРОЛЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈН, во скопското кафуле Подвиг. По предавањето во Подвиг, групата се упатува кон гастро-барот Франц. Иницијативата за ова случување е на архитектот Љубен Трајаноски, член на тимот на МАРХ, додека Македонска архитектура се јавува како медиумски партнер и подржувач.
Станува збор за иницијатива која ги обединува сите дисциплини на дизајнот – графички, архитектонски, моден, индустриски и слично – преку серија настани и предавања. Во фокусот се професионалци од различни области, кои своето знаење го споделуваат во неформална атмосфера. Овој пристап го оттурнува класичниот академски модел и овозможува подиректен и подостапен контакт со публиката.
Настаните најчесто се одржуваат во урбани и неформални простори, што дополнително го нагласува нивниот community-driven карактер. Наместо класични институционални рамки, се создава средина каде разговорот, размената на идеи и вмрежувањето се во прв план. Токму тоа ја прави оваа иницијатива жива и динамична – како календар на случувања што постојано се надградува.
Преку настаните, платформата ќе се фокусира на пошироки теми поврзани со културното наследство како и состојбата на културната сцена денес. Преку вакви содржини, „Пролет на Македонскиот Дизајн“ не се позиционира само како промотивен канал, туку и како медиум со едукативна и истражувачка димензија.
Instagram handle: @prolet_____
Автор на статија: Љубен Трајаноски
2026 / 3 вечер / Предавање / Пролет на Македонскиот Дизајн / Фестивал

