Меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение на базната станица за потребите на ски-центарот “Hajla i Štedim”
20.05.2024 • Конкурси Од регионот
Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора, донесе Решение за објавување меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение на базната станица за потребите на скијачкиот центар “Hajla i Štedim”.
Конкурсната задача е подготвена во соработка со Министерството за туризам, екологија, одржлив развој и развој на северот, како и членовите на жирито. Предмет на конкурсот е изработка на идеен архитектонски проект на базната станица за потребите на скијачкиот центар “Hajla i Štedim”, на локација која е вклучена во опфатот на Локалната студија за локацијата “Hajla i Štedim” („Службен весник на Црна Гора – општински прописи“, бр.22/18), општина Рожаје.
Од конкурсните трудови се очекува, со оглед на постојните амбиентални вредности на потесната и пошироката локација, да понудат решенија кои ќе се одликуваат со уникатност во архитектонскиот дизајн и оптимално функционално решение на планираните програмски содржини. Се очекува иновативен пристап кон просторните и архитектонско-дизајнерските решенија, како и кон употребата на материјалите, се во согласност со намената на објектот.
Рокови:
- Конкурсот е отворен од петок, 17 мај 2024 година.
- Краен рок за поднесување на трудовите е четврток, 15 август 2024 година, до 13:00 часот (локално време во Црна Гора).
- Краен рок за објавување на резултатите од конкурсот е петок, 20 септември 2024 година.
Сите учесници можат да поставуваат прашања поврзани со натпреварот до петок, 7 јуни 2024 година, по што сите добиени прашања и одговори ќе бидат објавени на веб-страницата www.arhitecturalcompetitions.me до петок, 21 јуни 2024 година.
Прашањата треба да се испратат на: konkurshajlastedim24@gmail.com
Награден фонд:
Прва награда – 13.500,00 €
Втора награда – 5.500,00 €
III награда – 2.500,00 €
Еден откуп – 1.000,00 €
Дознајте повеќе од изворот >>>
Автор на статија: Filip Koneski
“Hajla i Štedim” / Меѓународен конкурс / Ски центар / Црна Гора