Конкурс за проект за учество на Република Македонија на 16-тата Интернационална изложба на архитектура во Венеција во 2018 година

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА ОД ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЈНОСТ ЗА УЧЕСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА 16-ТАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ИЗЛОЖБА НА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА ВО 2018 ГОДИНА, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „LA BIENNALE DI VENEZIA“ (БИЕНАЛЕ ВО ВЕНЕЦИЈА)

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И КАТЕГОРИИ

Министерството за култура објавува Конкурс за финансирање проект од национален интерес во културата од областа на меѓународната дејност за учество на Република Македонија на 16-тата Интернационална изложба на архитектура во Венеција во 2018 година, во организација на „La Biennale di Venezia“ (Биенале во Венеција).

Министерството за култура ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на избраниот проект во согласност со овој конкурс, во една од следниве категории:

1. Самостојна изложба/проект на архитект;

2. Изложба/проект на група архитекти.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

l  Право на учество на конкурсот имаат правни лица, доколку имаат соодветен документ/изјава за согласност од лицата кои се вклучени во реализацијата на проектот.

l  Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации и други субјекти регистрирани за вршење дејност од областа на културата/архитектурата.

III. ПРИОРИТЕТИ, КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА

  • Приоритетите, критериумите и мерилата врз чија основа ќе се врши оцена на проектите се содржани во Пријавата, која е составен дел на конкурсот.

IV. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

  • Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е согласно средствата предвидени за финансирање на проекти од национален интерес во Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

V. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

l  Пријавувањето на проектот се врши со доставување пополнета пријава за учество на Македонија на 16-тата Интернационална изложба на архитектура во Венеција во 2018 година, во организација на „La Biennale di Venezia“ (Биенале во Венеција), која е составен дел на конкурсот

l  Пријавата задолжително се презема од веб страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk, и истата се пополнува во електронска форма со впишување на податоци на означеното место, се потпишува од овластено лице и се доставува во печатена форма во Министерството за култура.Пријавата може да се достави до Министерството за култура по пошта (ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во писарницата на Министерството најдоцна до 16 часот во работните денови.

l  Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави – без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

Конкурсот трае до 17.11.2017 година.

VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

l  Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

l  Сите учесници ќе бидат и писмено известени за резултатите од Конкурсот со решение на Министерството за култура.

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за меѓународна соработка на телефонскиот број 3240-533.

Извор:

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

1000 Скопје

Република Македонија

www.kultura.gov.mk

Насловно фото – подлога >>>