Конкурс за центарот на Добрич/Бугарија

 

Општината Добрич ( Бугарија ) распишува меѓународен конкурс за својот центар. Желбата на организаторите е да го привлечат вниманието на регионот и светската сцена со цел да придонесат во развојот на овој бугарски град.

Опфатот на конкурсот вклучува четири плоштади и улиците кои ги врзуваат, со што работната задача е поделена во две зони, А и Б.

 

 

Организаторот ги предвидува следните награди за најдобрите:

1место – 25.000 евра;

2место – 20.000 евра;

3место – 15.000 евра;

2 откупа – 2500 евра.

Рокот за предавање на трудовите е 30.11.2022 година.

Сите детали на конкурсот можете да ги добиете на официјалната страна и секако одлично склопената конкурсна документација во 100 страни 😉