Конкурс за најдобри фотографии на тема „Убавината е на улиците“

Објавен е конкурс за фотографии кој се организира во рамките на меѓународната научна конференција City Street 6 Conference.

Конкурсот за фотографии е насловен „Убавината е на улиците“ (La beauté est dans la rue) инспириран од познатите париски графити од 1968 година и се обидува да ја нагласи важноста на улиците како динамични простори каде што се случуваат значајни урбани и општествени интеракции.

Конкурсот за фотографии е отворен за сите фотографи-професионалци, аматери и сите заинтересирани за фотографија, вклучително и оние кои случајно снимиле сцени од градските улици. Најдобрите фотографии ќе бидат наградени и ќе биде претставени на изложба на фотографии која ќе биде отвотрена за време на конференцијата City Street 6.

Награден фонд: 1 место – 1000 евра, 2 место -500 евра, 3 место – 300 евра, откуп-200 евра.

Фотографиите се натпреваруваат во две категории: град со присутво на луѓе и град без присуство на луѓе.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк:  https://www.ndu.edu.lb/city-street-6/program/competition-and-other-events