Конкурсен труд – Железничка станица Скопје 1931 / Милан Злоковиќ

Автор: Милан Злоковиќ

Конкурс: 1931

Локација: Скопје

Извор:  Грчев Кокан „Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на XIX век и периодот меѓу двете светски војни”,
Fondacija Milan Zloković

Во периодот од 1920 до 1941 година на територијата на Македонија распишувањата на конкурси постанува практика со носењето на “Правила за распишување на конкурси во областа на архитектурата и инженерството” во 1921 година во кои до детали биле прецизирани условите, начините и постапките за спроведување на овие специфични активности.

Како распишувачи на овие конкурси ce јавуваат различни установи, стручни организации, добротворни друштва, пензиски фондови, банки, професионални здруженија, цркви и други, но најважна функција како распишувач на конкурси сепак имала државата, и преку нив ce реализирани најважните и нај монументалните објекти во периодот меѓу двете светски војни. Самите нарачатели имале можност да одберат проект според сопствениот вкус и според сопствените критериуми и мерила за вреднување.

Токму преку општ југословенски конкурс од 1931 година е избран и објектот за Новата железничка станица на град Скопје. Кокан Грчев во „Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на XIX век и периодот меѓу двете светски војни” наведува дека во самата проектна програма на конкурсот за железничката станица, a која пропишувала барање од конкурентите на конкурсот, архитектурата да ja изработат по примерот на т. н. “јужносрбијанска ” архитектура, при што секако ce мисли на огромниот репертоар на архитектонски елементи и соодветни вредносни категории содржани во вековната градителска традиција во доменот на сакралната архитектура присутна со голем број на објекти во Македонија.

Без оглед на овие препораки, раните модернисти во Југославија зимаат учество во конкурсот меѓу кои и членовите на  групата „Група модерни архитекти“ Бранислав Којиќ и Милан Злоковиќ. Сепак победничкото решение ќе припадне на Велимир Гавриловиќ кој го применува примесите на „српсковизантискиот стил“.

Победничкиот проект на Велимир Гавриловиќ
Предлогот на Бранислав Којиќ

 

Конкурсната работа за зградата на Железничката станица во Скопје претставува еден од помалку познатите проекти на Злоковиќ. Користејќи го своето претходно искуство во работењето на типови помали железнички станици, со цел да им даде на овие згради модерен архитектонски израз, Злоковиќ дизајнира модерна железничка станица за Скопје. Овој натпреварувачки проект припаѓа на мала група современи сообраќајни терминали дизајнирани во Југославија меѓу двете светски војни.

 

Функционалното решение на Злоковиќ е целосно одразено во обликовниот израз на објектот. Симетричен план со влезниот хол како најрепрезентативен простор е поставен во целата висина на централниот објект со административните простори околу него, додека помошните функции на станицата се поставени во две ниски крила паралелни со пероните.