Конкурс за 3 летни сцени во Градски парк – Скопје

Распишува:  Град Скопје

Рок:  до 16.06.2020 до 12 часот

Награди: 3 награди x 70.000 денари бруто, за секоја локација

Детално за конкурсот, симнување конкурсна документација на линкот >>>

 

Предмет на работа на овој конкурс е изработка на 3 идејни решенија за 3 сцени на различни локации во Градскиот парк во Скопје. Секој учесник може да учествува со по еден труд по локација, но може и одделно само за една, две или сите локации.

 

Партерното уредување на летните отворени сцени треба да претставува тродимензионален материјален исказ поставен во отворен простор. Идејата на овој проект, e  преку партерно уредување на локациите да се предвидат позиции на кои ќе се постават монтажни бини  во рамките на Летната отворена сцена со што ќе се направи интерактивно место на кое ќе се одржуваат културни манифестации на отворен простор.

 

Се препорачува следење на релјефните обликувања во паркот  при дефинирањето на местото за гледачите.

 

Летните сцени треба да претставуваат естетска вредност која ќе ги потикне културните навики на граѓаните, притоа внимавајќи на достапноста на инвалидизираните лица.

 

Подетално околу спецификациите, барањата и очекувањата на инвеститорот можете да најдете во конкурсниот материјал поставен на претходно посочениот линк.