Конкурс за идејно архитектонско решение за стадион на ФК „Бокељ“ во Котор
23.12.2022 • Конкурси Од регионот

Црна Гора продолжува со распишувањата на меѓународни архитектонски конкурси. Го задржува лидерството во регионот во потрагата на квалитетни решенија во обликувањето на своите градови.
Овој пат предизвикот за архитектите е конкурсот за идејно архитектонско решение за стадион на фудбалскиот клуб „Бокељ“ во Котор.
Конкурсот е во тек и трае до 16ти февруари, 2023 година, додека авторите своите материјали ги доставуваат електронски што е олеснителна околност во споредба со претходните.
Наградниот фонд за овој конкурс изнесува 30.570 евра и ќе биде распределен на следниов начин:
I награда – 15.000 евра
II награда – 7.000 евра
III награда – 5.000 евра
Спортскиот комплекс се наоѓа во населбата Шкаљари на неколку парцели со површина од 19.997 m2.
Сите детали околу конкурсната документација можете да ја прочитате на страната на организаторот >>>

Автор на статија: Filip Koneski