Конкурс за нов објект на Факултет за музички уметности во Белград
21.09.2021 • Конкурси Од регионот
Распишува: Министерството за просвета, наука и технолошки развој на Владата на Република Србија
Локација: Белград, во близина на пристаништето
Рок: До 24 јануари 2022 година
Рок за поставување прашања: до 01.12.2021
Награди:
– Прво место: 28.000,00 USD
– Второ место: 14.000,00 USD
– Трето место: 7.000,00 USD
– Два откупа од по 3.500,00 USD
Вкупен нето фонд: 56.000,00 USD
Министерството за просвета, наука и технолошки развој на Владата на Република Србија, под покровителство на United Nations Development Programme, распишува јавен, отворен, едностепен архитектонски конкурс за идејно решение за нов објект на Факултетот за музички уметности во Белград.
Предмет на конкурсот е изработка на архитектонско – урбанистичко решение во склоп на Планот за регулација на линискиот парк – Белград, во склоп на градската општина Стар град и Палилула – Целина 5 која е планирана за објекти и комплекси на јавните служби, високообразовните установи ( во случајов ФМУ).
Целта на конкурсот е да обезбеди простор за оваа образовна установа која е основана во 1937 година, и од тогаш до денес користи привремени простории.
Во расписот ќе ја најдете целокупната потребна документација за учество, детално објаснување на 108 страници, фотодокументација, dwg подлоги итн.
За заинтересираните за подетални информации следете го линкот >>>
Автор на статија: Filip Koneski
Белград / Конкурс / Србија / Факулет за музички уметности / ФМУ