Конкурсот „Next Gen Design“ со повик на тема „Прекројување на утрешнината, денес!“

Првото издание на Конкурсот Next Gen Design ги поканува младите креативци од Европа да истражуваат смели, обновливи и инклузивни дизајнерски решенија. Под темата „Прекројување на утрешнината, денес“, овој конкурс и овозможува на следната генерација да се соочи со актуелните предизвици на нашето време.

 

ЗОШТО СТЕ ПОТРЕБНИ?

Дизајнот може да ја поттикне смелата визија за обновливата иднина. Им поставивме прашање на младите Европејци за нивните грижи и што, според нив, треба да биде приоритет. Тие споделија и истакнаа критични области на фокус за дизајнирање на оваа иднина, вклучувајќи подобрување на квалитетот на воздухот, спроведување на ефикасна обработка на отпад, намалување на пластиката за еднократна употреба, проширување на зелените простори и овозможување еколошки практики во образованието. Повеќе од 60% од младите кои ги иконтактиравме исто така ја нагласија потребата од поддршка при преминувањето на одржливи начини на живот, од намалување на отпадот од храна до прифаќање на одржлива мода и еко-пријтелски алтернативи.

Овој конкурс е  шанса да ги поместите границите, да експериментирате со традиционални и футуристички пристапи – од кружни материјали и вештачка интелигенција до биомимикрија и локални занаети – и да креирате дизајни што ќе создадат подлога за иднината. Ние бараме решенија фокусирани на младите, приспособени на потребите, амбициите и предизвиците на оваа генерација, поттикнувајќи ја нивната ангажираност, овластеност и активно учество во одржливото живеење и градењето на заедницата.

 

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ

Ако сте креативец на возраст од 18 до 35 години, родени, студирате или живеете во Европа, ова е ваш момент. Без разлика дали сте поединечен иноватор или дел од тим, добредојдени сте да поднесете до пет пријави кои ја покажуваат вашата визија за одржлива иднина.

 

ТЕМИ НА КОНКУРСОТ

Вашиот дизајн треба да одговори на прашањето: Како можеме да ја прекроиме утрешнината, денес? Вашиот дизајн може да вклучува (но не се ограничува на):

  • Производи и системи: размислете за одржлив мебел, модуларно осветлување, адаптивни елементи за внатрешен простор, мултифункционални додатоци за домаќинство и безотпадни канцелариски материјали;
  • Секојдневни предмети: размислете за мултифункционални алатки, решенија за реупотреблива амбалажа или модуларни компоненти;
  • Иновативни решенија за образование и помош: размислете за дидактички играчки и алатки за развој на вештини, инклузивен дизајн за помошни уреди и производи за помош во време на катастрофи или итни случаи;
  • Текстил и облека: размислете за еко-пријателски материјали за модни гардеробери, мултифункционална облека, биоразградлива облека или иновативни текстилни апликации кои го приоритетизираат рециклирањето;
  • Решенија за градба од нова генерација: размислете за префабрикувани засолништа, мали станбени единици, енергетски ефикасни и јаглеродно негативни градежни техники, биоматеријали и паметни, адаптивни градежни компоненти;
  • Градско земјоделство и методи за справување со отпад од храна: размислете за алатки, уреди и услуги кои поддржуваат внатрешно или надворешно урбано земјоделство, вертикално земјоделство, иновации во компостирањето и платформи за размена на храна;
  • Дигитални решенија за одржливост: платформи и алатки кои ја напредуваат економијата на споделување, намалување на отпад, мрежи за поправка или ангажираност на заедницата во практики за одржливост;
  • Дизајни интегрирани со природата: Биофилни дизајн концепти за урбани и рурални средини, како што се зелени покриви, живи ѕидови или живеалишта кои поддржуваат биодиверзитет;
  • Локализирана продукција и управување со ресурси: иновации во мали по габарит производство, модели за дистрибуирана продукција и системи за споделување ресурси кои се прилагодени на локалните предизвици;
  • Иницијативи за подигнување на свеста и образование: кампањи, движења и образовни алатки или програми кои имаат за цел да ја зголемат свеста за одржливост, да поттикнат ангажираност на заедницата, да интегрираат одржливост во училишните програми или да инспирираат промена на однесувањето преку влијателни раскази и промоција.

Продолжете со читање за овој повик кај изворот >>>  https://nextgendesign.eu/open-call/