КРАТОВО стара архитектонско урбанистичка содржина / Томовски, Волињец, Токарев, Хаџиева-Алексиевска
01.08.2020 • Литература
Издавач: Македонска академија на науките и уметностите – Скопје
Година: 1980
Уредник: Благој Попов
Автори: К. Томовски, Р. Волињец, М. Токарев, Ј. Хаџиева – Алексиевска
Рецезенти: Славко Брезоски, Драгослава Томова Серафимова
Кратово претставува еден од градовите во Македонија, кои заслужуваат посебно внимание поради своето градителско наследство. Од создавањето на оваа стручна литература, најверојатно добар дел од истото веќе е загубено, додека останатото е во сериозен ризик од исчезнување.
Извадок од воведот
Затоа ваквите изданија овозможуваат да се документира архитектонското наследство, оставајќи простор во соодветно време да се пристапи кон негова реставрација или реконструкција, доколку се случи вистинска евалуација што сакаме да оставиме за иднината.
Извадоци / Панорама, Ситуација, Куќа и нејзина местоположба
Изданието обединува труд, на неколку звучни домашни имиња во полето на историјата на архитектурата и уметноста.
Во него содржината е поделена соодветно во неколку делови: вовед, урбанистичка структура, потоа поделба според функција, прилози, порака и белешки.
Извадоци / Кратовски куќи
Одмерената и сосем доволна текстуална содржина, ја пратат фотографии, ситуации, технички цртежи, слободорачни цртежи и скици.
Апелираме и вистински се надеваме, дека е дојдено време да му се посвети вистинско внимание на Кратово, негова валоризација и целосна реставрација.
Куќата на Павле Видиков
Автор на статија: Filip Koneski
Ј. Хаџиева - Алексиевска / К. Томовски / Кратово / М. Токарев / Македонска куќа / Р. Волињец / Средновековна архитектура / Традиционална архитектура