Куќа во Неготино / Параметар студио
28.05.2024 • XXI век
Биро: Параметар Студио;
Автори:Методи Хаџи-Андов, Игор Сугарчев, Љубен Трајаноски, Димитар Стефановски, Сашо Андријевски
Статика: Румен Инженеринг
Електрика: Кулон Инженеринг
Локација: Неготино, Македонија
Година: 2023
Површина: 720m2
Фотографија: Иван Тодоровски, Димитар Стефановски
Овој објект е добитник на наградата BIG SEE Architecture Award 2024 во категоријата Residential – houses.
1.1 Мапа на Неготино
Објектот се наоѓа на периферија на градот Неготино, град во средишниот дел на Повардарието, во централниот дел на Р.Македонија.
2.1 Мапа на квартот
Куќата е аголно лоцирана на улица која води кон градот. Овој дел од предградието морфолошки се состои од резиденцијални објекти, поставени нормално на падината на теренот, формирајќи правилни и органски блокови со патна инфраструктура.
3.1 – Место
Локацијата топографски се карактеризира со стрмен пад на теренот, ориентиран кон западната страна, кон центарот на градот.
3.2 – Отпечаток
Првата идејата беше да се “втиснат” волумените од објектот во рамки на пејсажот со помош на интегрирање на три различни платформи следејќи го падот на теренот на локацијата.
4.1 Следење на топографијата и контекстот
Волуменската поставеност на објекот е дефинирана со цел да се следат флуктуациите на теренот, а висината на секој волумен е дефинирана според висината на соседните објекти.
4.2 Програма и зони за приватност
Куќата е поделена на 3 зони на приватност.
Првата зона се наоѓа во најнискиот дел од парцелата и таа е јавен сегмент со приватен базен и површини за седење во рамки на дворот.
Втората зона се наоѓа во средниот дел од парцелата и таа е полу-јавен сегмент во која е сместен дневен боравок заедно со кујна и трпезарија.
а третата зона се наоѓа во највисокиот дел од парцелата и тој претставува приватен сегмент каде што се сместени спални соби кои се развиваат на две различни нивои.
4.3 Одземање на волумените
Основниот волумен на објектот е разбиен со одземање на 3 главни волумени со цел формирање карактеристични простори во рамки на објектот.
Првиот одземен волумен формира влезен трем и влезна партија во објектот овозможувајќи панорамски погледи кон широко поле исполнето со лозови насади.
Вториот одземен волумен формира мини аудиториум пред отворениот базен, со извонреден поглед кон градскиот пејсаж.
Третиот одземен волумен формира мала приватна тераса пред апартманот.
5.1 Обезбедување на приватност
Следниот дијаграм ги прикажува масивните хоризонтални ѕидови кои ги поставивме за да обезбедиме повеќе приватност кон главната улица од една страна и кон соседите од другата страна на куќата. Исто така, со помош на нагласениот вертикален ѕид се потенцира влезот во објектот.
5.2 Засенчување
Покривките, настрешниците и брисолеите се дизајнирани со цел засенчување на просторите ориентирани кон западна страна, регулирајќи ги сончевите зраци и создавање хармонична игра помеѓу светлината и сенките.
5.3. Отвори
Отворите на објектот се димензионирани и поставени во согласност со ориентацијата на секој отвор согласно важноста на погледите кон градината, улицата и градот.
6.1 Двор
Пејсажот околу куќата е структуриран на различни каскадни нивоа, во релација со постоечкиот терен, креирајќи повеќе простори во градината со различен степен на приватност.
6.2 Зеленило
Се стремевме да задржиме колку што е можно повеќе зеленило, па затоа околу куќата кружат само пешачки патеки со одредени проширувања со цел создавање простори за седење и рекреација. Останатото зеленило е поставено на првиот кат на терасите.
7 Материјали и текстури
Идејата зад материјализацијата беше да биде едноставна, нагласувајќи ја монументалноста и геометриската форма како карактеристичен израз на објектот.
Затоа, ѕидовите се обложени само со бел малтер, а издлабените ѕидови што ги обвиваат терасите и кат 1 се обложени со дрвени панели.
Патеките и површините во дворот се составени од комбинација на травертин и бел мермер.
Во своjата едноставност и елеганција, куќата во Неготино ја отелотворува совршената синергија помеѓу архитектурата и природата.
Автор на статија: Љубен Трајаноски
BIG SEE 2024 / Димитар Стефановски / Игор Сугарчев / Индивидуална едносемејна куќа / Љубен Трајаноски / Методи Хаџи Андов / Параметар / Сашо Андријевски