Нов културен и социјален центар – Тетово / Саити
05.03.2019 • Студентски проекти
Магистерски труд
Автор / Студент: Фјола Саити
Ментор: Доц. Д-р Михајло Зиноски
Локација: Тетово
Тема: Нов културен и социјален центар – Тетово
Учебна: 2018/2019
Избраната локација за понатамошен развој на проектот претставува референтна точка на граѓаните на градот Тетово не само заради местоположбата туку и заради карактеристичното присуство на зеленило, боровите дрвја кои креират извонредна атмосфера во самата локација со сенките кои ги креират преку ден. За да се чува ова како позитивен аспект на локацијата, објектот од еден масивен, висок волумен е поделен на неколку помали објекти со релативно мали висини проширени низ целата парцела.
Комплексот кој се проектира се состои од дванаесет волумени со различни површини и висини. По намена овие волумени се театар, библотека, музеј, ресторан, ателје за данц, за глумење и за музика, работилници и продавници.
Волумените се поврзувани едни со други со покриената патека која поминува околу целиот комплекс. Таа креира простор пријатен за пешки поминување, со столбови со различни димензии. Ова патека на еден начин го води посетителот да ја прошета целиот комплекс и ја дефинира патеката која ја носи до објектите во комплексот.
Овие елементи може да се употребуваат и како зидови во кои може да се поставуваат уметнички дела и во одреден момент тој да стане еден отворен изложбен простор. Покриен простор во кој што може да се организираат различни културни настани.
Бидејќи комплексот не представува само културен центар кој ќе функционира само кога објектите ќе бидат отворени туку представува и простор за социјализација, за организирање на различни отворени настани или за релаксација, и надворешниот простор се третира со иста важност како и затворените простории.
Освен покриената патека во надворешноста, еден важен елемент е и отворениот амфитеатар кој може да служи и како аудиториум за различни представи, концерти, и за седење и социјализација.
Бидејќи како главен елемент во комплексот е покриената патека и бидејќи се појавуваат повеќе волумени, фасадите на објектите се третирани како минималистички фасади. Објектите се обложени со бели стаклени панели монтирани на алуминиумска бела подконструкција.
Автор на статија: Filip Koneski