КупромСтудентскиГрад

❤️Културно Ехо ја имаше можноста својата визија за напуштената фабрика Купром да ја презентира во Влада на Република Северна Македонија, на отворен ден за граѓански иницијативи.

❓Веројатно е дека на многумина именката „Купром“ не им е позната, но сепак тоа не е чудно. Фабриката Купром не работи повеќе од 15 години, а оваа огромна градба може да се види само од неколку точки затскриени од згради, од мост, од булевар. Причината зошто е актуелен зборот „Купром“ во моментов е затоа што на оваа огромна површина ѝ била доделена маркица за градење. Поради ова, комплексот објекти во дворот на фабриката за обоени метали „Купрум“ го издвоивме како особено важен објект, со стратешки добра локација во градот Скопје на раздалеченост помала од 1,5 километри од најголемиот студентски дом „Гоце Делев“ и со излез на речното корито на Вардар.

❗Некои луѓе на ова место гледаат нови станбени згради, што за нас значи заробување на просторот и бришење на идентитетот на овој историски објект, кој е дел од колективната меморија на граѓаните, особено што поради оваа фабрика се развиваат населбата Хром и околните населби, како и целата Општина Ѓорче Петров.
http://samoprasaj.mk/zaednistvo/1176-2018-11-16-12-58-36

🍀Бидејќи не сакаме ова да се случи, ние предлагаме далеку понадежна и понапредна варијанта, а тоа е следното: најпрво, да се стави мораториум на парцелата, фабриката да се заштити како културно-индустриско наследство, за потоа извонредната градба на фабриката „Купром“ целосно да се обнови во студентски град, опремен со соби за состаноци, соби за предавања, читални, сала со бина, сала за јога и фитнес рекреација, работилници со производствени машини и сквер на занаетчии, соби за престој на млади од другите градови на Македонија и од странство, и буквално сè друго што им недостига на младите (и на сите други генерации), а им е потребно на ниво на град. Пред сè, овој студентски град ќе има за цел да делува во насока на промоција на мултикултурниот карактер на Македонија. Токму оваа улога може да ја исполнува спасениот Купром. Секој што се грижи по ова прашање веќе има забележано дека освен на зелените пазари, луѓето од различните етнички, јазични и верски заедници речиси и да немаат интеракција едни со други. Да им дадеме слободен простор на младите од сите етнички заедници, а #УрбанатаКултураи #НеформалнотоОбразование да претставуваат сврзно ткивно кое ќе ги унапредува односите помеѓу сите етнички заедници.

♻Дополнително, реупотребата на објекти од периодот на индустријализација претставува воспоставена европска пракса, па така, доколку дојде до реализација на овој проект, веруваме дека тоа ќе го докаже прогресивниот карактер на владата, ќе го унапреди туристичкиот капацитет на Град Скопје и ќе го врати некогашниот дух на Градот. Сето тоа би можело да има и одреден удел во евроинтеграциските процеси на нашата држава.

💪Од нашето истражување дознавме дека објектот е изграден во 1940-тите според посебни индустриски стандарди, поради што денес, иако е запуштен повеќе од 15 години, неговите главни носечки столбови и контрукцијата се наоѓаат во извонредна состојба, што го прави погоден за реупотреба и ревитализација.

🍀Поради автентичната архитектура, неискористените просторни капацитети и можноста за воведување мултифунционалост во просторот, фабриката на некој начин веќе се има вкоренето во скопската супкултура, за што сведочат неколкуте видео-спотови снимени од локални артисти како LegijataFoolish Green и други, како и графити-културата која продолжува да вирее во просторите на Купром.

☢Иако се наоѓа во урбанизиран простор, денес Купром претставува закана за локалното население и животната средина. Фабриката е незаградена, нема чувар и ја загадува почвата и подземните води.
Во ова видео (6.10sec), кое беше дел од нашата прва иницијатива:
https://www.facebook.com/culturalechoes/videos/257542158445442/,
еко-активистот Тони Никушевски зборува за актуелното загадување предизвикано од напуштената фабрика, која очигледно е вон правниот сообраќај.

Заслужува ли Купром втора шанса?
#КупромСтудентскиГрад