Македонско – арапско – англиски градежен речник

Година: 1985

Издавач: Просветно дело / д-р Крсте Ангеловски

Избор и стручна обработка на термините: Бела Дулиќ

Англиски јазик и редакција: м-р Благоја Нешкоски

Арапски јазик и редакција:  Ахмед Нассир Едди Масри, Ахмед Каоу

 

Овој речник кој е издаден во 1985 година, содржи повеќе од 1430 термини од градежната област, дадени по азбучен ред на македонски јазик. Тој е наменет пред се за потребите на учениците од арапското јазично подрачје коишто се школувале во македонските училишта со насочено средно образование за занимања од областа на градежништвото. Посебен акцент е даден на термините коишто се употребуваат во областа на железничкиот сообраќај, иако истиот може да се користи пошироко.