Мало стопанство во рурални средини / Блажевска, Овчаров

УНИВЕРЗИТЕТ ,, СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ 

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

VII – СЕМЕСТАР

АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО 8.3 / МАЛИ СТОПАНСТВА ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ

ПЕДАГОШКИ ТИМ / МЕНТОРИ : ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР РАДЕВСКИ , ПРОФ. Д-Р ГОРАН МИЦКОВСКИ , АСС. М-Р ДИМИТАР КРСТЕСКИ Д.И.А

СТУДЕНТИ: САЊА БЛАЖЕВСКА , ТАДИЈАН ОВЧАРОВ

ЛОКАЦИЈА: ГОРЊАНЕ – СКОПСКА ЦРНА ГОРА

 

ЛОКАЦИЈА

Парцелата на која се изградени објектите се наоѓа во селото горњање, општина чучер сандево, во подножјето на југозападната падина на скопска црна гора.

Формата на парцелата е правоаголна, нејзиното дно е ориентирано кон југ отворајќи погледи кон градот скопје во далечина и планината водно. лицето на парцелата е ориентирано кон север и оттаму е овозможен пристапот преку изградба на нова улица која се развива паралелно со постојната субструктура и од истата има независен влез и излез од парцелата. Оттука е овозможен пристап за објектот наменет за домување и стопанскиот објект (нега и чување на коњи). Издолжувањето на парцелата е во правец исток-запад, каде кон исток се отвораат погледи кон манастирот Св. Никита кој има историско, религиозно и архитектонско значење.

 

Легенда:  1.паркинг простор 2.станбен дел (повеќе семејна куќа) 3.градина 4.репрезентативен дел 5. плевна 6.боксови за коњи 7.патека за јавање коњ

 

 

КОНЦЕПТ

Програмските барања условуваа поделба на парцелата на три зони: домување, стопански и економски дел. Оттука се планирани два објекти од кои во еден е планирано домување на шест члено семејство со дополнителни содржини. Вториот објект е наменет за стопанството. Правоаголната издолжена форма на парцелата услови објектите да бидат поставени еден до друг, визуелно раздвоени со богата вегетација. Нивната ориентација ја следи поставеноста на изохипсите, додека формата на објектите ја следи конфигурацијата на парцелата. Објектите се обликувани на начин да обезбедат максимално сончево осветлување во внатрешноста и непречени погледи кон непосредните природни пејзажи.

 

 

ПРОГРАМА

Објектот наменет за домување е составен од економски дел, станбен дел и репрезентативен дел. Економскиот дел е сместен во делумно вкопан подрум и оттука е обезбеден економски влез за семејството како и машинска просторија за потребите на објектот. На првото ниво се интегрирани репрезентативниот дел и станбениот дел. Репрезентативниот дел содржи две гостински соби со максимален капацитет од четири лица, работна маса, дневен простор, бања и пространа тераса ориентирана кон југ.

 

Основа на куќа /1.паркинг простор 2.наткриена тераса 3.тераса 4.место за складирање дрва 5.летна кујна со фурна 6.визба 7.скали кон подрумски простории 8.утилити 9.место за складирање предмети од домаќинството 10.бања 11.тоалет 12.атриум 13.кујна 14.дневен боравок и трпезарија 15.детска соба 16.спална соба 17.гостинска соба 18.градина 19.патека за јавање коњ

 

Помеѓу станбениот и репрезентативниот дел е овозможена топла врска преку покриена тераса како место за социјализација, летна кујна со фурна и визба. Оваа тераса овозможува и проток помеѓу пристапната улица каде со едно скалшно јадро се спуштаме надолу кон нивото на куќата и друго кое води кон дворот. Станбениот дел се развива на две нивоа, во едниот дел се сместени јавните функции на домувањето: тоалет, гардеробер, утилити, кујна, трпезарија, дневен престој и пространа тераса кон југ.

 

Основа на репрезентативен дел / Легенда: 1.пристапна улица 2.пристапна патека 3.паркинг простор 4.кафе бар 5.остава 6.тоалети 7.тераса 8.плевна 9.пристап за достава на храна за коњите 10.градина 11.патека за јавање коњ

 

Во вториот дел подигнат за 170 сантиметри се сместени спалните соби од кои: две детски со заедничка бања, две сплани со засебни бањи и утилити како посебна просторија сите со пространа тераса кон југ.

 

 

Објектот наменет за стопанството се развива на две нивоа од кои: второто пристапно ниво содржи: плевна каде се доставува и чува хрната за коњите, кафитерија со сопствени тоалети, тераса на две нивоа ориентирана кон југ и боксовите каде се сместени коњите и надворешни скали кои водат кон првото ниво. Тука се сместени сите помошни простории за нега и грижа на коњите и осум оградени боксови каде се чуваат коњите. Од ова ниво има директен притап кон дворот преку обработена патека наменета за движење на коњите.

 

Oснова на стајски објект / Легенда: 1.простор за чистење на коњите 2.простор за потковување 3.простор за сталски прибор 4.простор за опрема за јавање 5.1.простор за складирање храна за коњи 5.2.простор за складирање зрнеста храна 6.коридор за чистење на коњите 7.боксови 8.патека за јавање коњ

 

 

Овие два објекти се поврзани меѓусебно со пешачка патека и визуелно се раздвоени со бавча во правоаголна форма за одгледување овошје и зеленчук.

 

Изгледи / Пресеци / Погледи

 

 

МАТЕРИЈАЛИ И КОНСТРУКЦИЈА

ТЕМЕЛИ: темелењето на двата објекти е планирано со лентовидни и темели самци изведени од армиран бетон.

СТОЛБОВИ: изведени од дрво со пресек 15/35 сантиметри на кои налегнуваат гредите од кровната конструкција со ист пресек.

SИДОВИ: подрумските sидови се изведени како армирано бетонски платна со обрабтка од камен, метална потконстукција и без обработка како натур бетон.

SИДОВИТЕ НА ПОГОРНИТЕ НИВОА, се изведени како лесномонтажни sидови со дрвена потконструкција и завршна обработка која се разликува во однос на намената на просторот: вертикална дрвена оплата (внатре/надвор), керамички плочки или камен.

SИДОВИТЕ КАЈ ПЛЕВНАТА, се транспарентни, изведени од вертикални дрвени греди на кои се поставени хоризонтални талпи на растојание од 1о сантиметри.

ПОДОВИ: изведени по сува постапка, кај домувањето: штици 5/5 сантиметри на кои налегнува бродскиот под од 2 сантиметри; кај боксовите за коњите подот е изведен од дрвени коцки кои налегнуваат на песок.

ПОКРИВ: носиви кровни греди со пресек 15/35 сантиметри поставени во еден првец на кои налегнуваат дрвени талпи видливи од внатрешноста и дрвени греди 5/5 сантиметри како секундарна конструкција во спротивен правец. завршницата е од лимени плочи во црна боја.