Презентација на студентски визии и идеи за урбанистички развој на Куманово

Архитектонскиот Факултет од Скопје во соработка со Општина Куманово, одржа презентација на визии и идеи за урбанистички развој на град Куманово за период 2017-2027.

Студентите на овој начин го полагаа својот испит пред професорите и ги презентираа своите трудови во форма на проект за современ град. Раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Куманово, Лидија Ланг Спасовска изјави дека доколку има интересни проекти, не е исклучена можноста истите да бидат искористени во урбанистичкиот развој на градот.

Извор: Општина Куманово