MAY APARTMENTS / BMA
10.01.2023 • XXI век
Студио: БМА
Автори: Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Христина Мијалчева, Бранко Стојановски, Урош Николоски, Теута Бајрами, Даме Јовановски, Виктор Лазарески, Астрит Азири, Емилија Стојаноска
Локација: Бањалучка бр.20, Општина Карпош – Скопје
Година на проектирање: 2019
Намена: А1 – домување во семејни куќи
Бруто површина: 1592 м2
Катност: По+П+2+Пк
Висина: 10.2м
Тип на проект: Индивидуална семејна куќа – двокуќа
Инвеститор: ЕЛИТТЕ ЛИВИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Авторско образложение:
Концептот на алтернативно домување како главно програмско барање беше водилка при процесот на проектирање и изнаоѓањето на решение со нов начин и модел на домување. Можноста да се излезе од комфорот и начинот на проектирање применуван кај нас дополнително го зголеми предизвикот и желбата да се направи нешто различно. Урбанистичките параметри налагаа изградба на две индивидуални семејни куќи-двокуќи , а како предност во целиот процес беше тоа што инвеститорот е сопственик на двете градежни парцели. Неговите барања и желби беа објектот да се третира како една целина и од естетски, формалистичи и функционален аспект, но со почитување на поставените урбанистички параметри и ограничувања. По процесот на проектирање и прибирање на целокупната проектна документација и добивањето на одобрението за градба објектот е започнат со изградба во 2020 година , а завршувањето на објектот е во 2022 година.
Објектот се наоѓа на улица “Бањалучка“ бр.20 во Општина Карпош, Скопје Република С. Македонија. Урбаниот блок во чиј состав влегува и овoј објект е дел од предвидените и веќе изградените индивидуални семејни куќи, односно ниски станбени структури со катност до П+2+ПК . Самата местоположба на објектот кон околната инфрастуктура овозможува пристап до него од две страни и тоа од исток и запад, но главниот сообраќаен пристап е од источна страна.
Новоизградениот објект има за цел вклопување во контекстот во кој се наоѓа, но со нов современ пристап на архитектура која е резултат на експериментирање со форми и материјали како и функционална организација и поставеност на станбените единици на неколку меѓунивоа и катови меѓусебно преплетени. Целиот концепт на решението е насочено кон тоа секоја станбена единица да е куќа сама по себе со сите квалитети кои ги носи домувањето на куќа, а сепак да е дел од една заедница од станбени единици. Накратко кажано концепт куќи во куќа.
Технички прилози
Самиот тој принцип и поставување на тие цели беше вкомпонирано во двете индивидуални куќи со по 4 станбени единици односно вкупно 8 станбени единици. Секоја од станбените единици се распостранува на две нивоа ,а некои и на три (различни варијации и комбинации, развој на две меѓунивоа, две нивоа и едно меѓуниво), како и дополнителното вклучување на вертикално зеленило интегрирано во фасадната обработка преку конзолно исфлените жардињерии и обезбедување на отворени површини-тераси во секоја станбена единица го збогатува чувството на индивидуалност и самостојно домување.
3D визуелизации
Во рамките на секоја станбена единици секоја од просториите за одмор ( родителските и детските простории) располагаат со сопствени бањи, а со самото тоа се зголемува удобноста и комфорот. Обезбедувањето на поголем број паркинг од потребните и можноста за избор на типот на паркинг место, гаражни боксови- индивидуално или паркирање во заедничката подземна гаража го поршируваат изборот на корисникот.
Станбените единици сместени на приземното ниво ја имаат можноста за сопствено дворно место, а станбените единици на поткровје располааат со сопствени кровни рамни тераси со базен. Во целина секоја станбена единица со нуди лепеза од поволности и комфорт, флексибилност во искористување на просторот и негова трансформбилност. Функционалната дистинкција утврдена и преку поставувањето на просторните содржини според својата намена на различни нивоа ја збогатуваат организацијата на станбената единица, а со самото тоа може да го менуваат веќе дефинираниот начин на живот и животни навики.
Автор на статија: Filip Koneski
BMA / Астрит Азири / Бесиан Мехмети / БМА / Бранко Стојановски / Виктор Лазарески / Даме Јовановски / домување во семејни куќи / ЕЛИТТЕ ЛИВИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ / Емилија Стојаноска / Стефан Атанасоски / Теута Бајрами / Урош Николоски / Христина Мијалчева