Меѓународен конкурс за идејно решение за шеталиштето во Будва
04.12.2022 • Информации
Општина Будва во Црна Гора, распиша меѓународен, општ, едностепен и анонимен конкурс за изработка на идејно урбанистичко – архитектонско решение за шеталиштето во делот на „будванската школка“, и потегот Будва – Бечичи како прва фаза.
Конкурсната задача го опфаќа делот од општината, кој претставува центар на културни, забавни и информативни случувања. Конкурсот во себе интегрира акваториум, плажа, зелен појас и шеталиште.
Основната цел на конкурсот е идејното решение да претставува основа за разработка на главен проект, кој ќе следи по изборот на прво наградениот труд. Желбата е да се создаде еколошки одржлив простор кој со својата содржина и изглед допринесува во културниот и туристичкиот развој на Будва, кој истовремено ќе го почитува градителското наследство и радикално ќе го измени режимот на користење во зоната на крајбрежјето создавајќи јавен простор, со зголемен капацитет на постојното и врската со Бечичи.
Распишувачот на конкурсот, се потрудил да обезбеди предизвикувачки награден фонд и тоа:
1 награда – 120.000 евра;
2 награда – 60.000 евра;
3 награда – 30.000 евра;
2 откупа од 5.000 евра.
Сите детали за повикот побарајте ги кај изворот >>>
Автор на статија: Filip Koneski
Бечили / Будва / Меѓународен конкурс / Црна Гора / Шеталиште