Меѓународен конкурс за основно училиште во Подгорица

Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора објави меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение за основно училиште во Сити Кварт во Подгорица.

Предмет на конкурсот е изработка на идејно архитектонско решение за основното училиште во Градски Кварт во Подгорица на УП 20, во рамките на катастарски парцели број 1503/46 и 1503/48 (КО Подгорица I), кое е вклучено во деталниот урбанистички план „Радоје Дакиќ“ („Службен весник Црна Гора – општински прописи“, бр. 23/12). Површината која е опфатена со тендерот е 18.660,00 m².

Од конкурсните решенија се очекува на соодветен начин да го подобрат визуелниот идентитет на блокот и да понудат оптимално функционално решение на планираната програмска содржина, имајќи ги предвид урбанистичките вредности на потесната и пошироката локација, односно просторно-урбаните и архитектонско-градежните карактеристики. Се очекува иновативен пристап во поглед на просторот и архитектонско-обликовните решенија од аспект на употреба на материјали, кои се во согласност со намената на објектот.

 

 

Конкурсот е распиша на16 јуни 2023 година.

Краен рок за поднесување на трудовите е 23:59 часот ( локално време – Црна Гора) понеделник, 4 септември 2023 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до 26 септември 2023 година.

По одлуката на жирито и доставувањето на Финалниот извештај на жирито, организаторот на конкурсот  ќе ги објави резултатите на официјалната веб-страница на натпреварот: www.architecturalcompetitions.me.

Награден фонд:
I наградата – 18.000,00 €
II награда – 11.000,00 €
III награда – 7.000,00 €
Два откупа – 2.000,00 €

 

Сите учесници можат да поставуваат прашања поврзани со конкурсот до петок, 30 јуни 2023 година, по што сите одговори ќе бидат објавени на веб-страницата www.arhitecturalcompetitions.me до понеделник, 10 јули 2023 година.

Прашањата треба да се испратат до:
info@architecturalcompetitions.me

Конкурсната документација можете да ја симнете тука >>>