Конкурс за нов градски стадион во Улцин, Црна Гора

Општината Улцин, во Црна Гора распиша меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение за нов градски стадион. Од конкурсните трудови се очекуваат функционални и препознатливи решенија од кои одбраното ќе биде подлога за разработка на основен проект.

Вкупната површина на која се делува е составена од две парцели и изнесува 77.385 m2.

Задачата побарува објект за новиот стадион, помошен терен, пратечки содржини вклучувајќи ги пешачките колските и зелените површини. Стадионот треба да биде според втората категорија по правилникот на УЕФА со капацитет за 3000 гледачи, како и помошен терен со димензии од 100 х 64 m со монтажни трибини за 200 гледачи. Објектот за помошниот терен треба да биде проектиран на околу 300m2.  Стандардот кој треба да биде задоволен за паркинг просторот изнесува 18 места на 100 гледачи.

Наградниот фонд изнесува 40.000 евра, од кои 20.000 за првото место, 12.000 за второто и 8.000 за третото место.

Рокот за предавање е 16ти март, 2023 година додека сите останати информации и технички документации можете да ги добиете на страната на распишувачот >>>