Хотел “Бристол” / 1923

Автор:  /

Клиенти:  Браќата Атанас (Ташко) Караџа и Ристо Караџа

Година на изведба :  1923 (пуштен во употреба 24ти Април, 1924год.)

Локација:  ул. ”Македонија” Општина Центар, Скопје

Фотографии: Борис Јурмовски  /2024/

Извор ( текст ): ТРН

 

Хотелот „Бристол“ е подигнат во 1923 година и се вели дека е најстариот сочуван објект во Скопје со таа намена.

Браќата Атанас (Ташко) и Ристо Караџа, познати скопски трговци, откако ја основале својата фирма “Караџа Андровиќ и Ко” ја нарачале изградбата на Хотел Бристол кој бил изведен 1923 година, а свечено го пуштиле во употреба на 24 април, 1924 година. Позициониран о непосредна близина на Железничката станица тој претставувал вистинско место за престој и забава. Во  него функционирал и првиот Ротари клуб од 1931 година.

 

 

 

 

Се карактеризирал со најдобар дизајн за своето време, овозможувајќи комфор и функционалност, имал на располагање простори за одржување свечености и настани, и собири на поголем број посетители.

Биле опремени 35 соби на располагање со еден или два кревета, со достапни ладна и тола вода и телефонски приклучок, како реткост за објект во своето време.

Покрај сместувањето, бил привлечен за пошироката јавност и по кулинарските специјалитети кој се подготвувале во хотелската кујна.

 

 

 

Во Хотел Бристол се спомнуваат голем број имиња на гости кои биле негови посетители; меѓу кои може да се набројатличности како Петре Приличко, Блаже Конески, поетот Раде Драинац.

Урбана легенда вели дека оревот на отворената тераса е симбол на љубовта помеѓу средбата на писателка и патописец Сесилија Изабел Ендрјус, под псевдоним Ребека Вест која била придружувана од српскиот интелектуалец Станислав Винавер како приказна  во текот на 30тите год. од 20ти век, раскажано во романот “Црно Јагне, Див Балкан” од Петре Бакевски.

 

 

 

Во 60тите и 70тите години,  угледот на Бристол завзема различен правец, со што станува свратилиште на сексуални работнички, со што станува посетен од секаков карактер на посетители. Дури подоцна во 70тите во овој објект започнува со работа и диско-клуб “Таверна” во своите простории, со што станува меѓу главните места за ноќниот живот во Скопје на една генерација.

Меѓу последните од значајни настаните кој се случил во непосредна близина, е и атентатот на првиот и поранешен претседател Г-дин Киро Глигоров извршен на 3ти Октомври 1995 год.

Од Ноември 2012год, Хотел Бристол е и официјално затворен за комерцијална употреба, и стои како нем-сведок за случувањата во Скопје.