MEDS workshop “Meeting of Design Students”

Мемнисо/ Предавање од генерација на генерација – Помнење

Спетсес е грчки остров кој е комбинација од богата историја, традиција и природна убавина. Со текот на времето, овој остров станува цел на голем број туристи, и последиците од тој туризам е борбата за зачувување на идентитетот. Во служба на туристите кои доаѓаат секоја година во се поголем број, локалните жители ги напуштаат своите традиционални професии и се окупираат со нови дејности кои му го загрозуваат идентитетот на островот. Така што, во моментов традиционалните професии изумираат.

Идејата на оваа работилница е да ги спои традиционалните дејности и занаети заедно со современиот пристап и дизајн, преку истражување на нови можности и изучување на техники од страна на експерти во својата област. Целта на оваа работилница не е само учењето од локалните професионалци, туку разменувањето на знаење и споделување на вештини. Следните занаети ќе бидат извор на инспирација за проектите: Изградба на брод,изработка на текстил,пчеларство,изработка на одредени делови/објекти од метал,столарија итн. И секако проекти со фотографија и видео документација. Примарната цел на MEDS’19 е да се адаптира на традиционалните техники во современото размислување во денешнинава и да инспирира млади дизајнери и архитекти со нови идеи! Овој процес,самата модернизација на традиционалниот пристап, е инстинктот  да се зачува културниот продукт, ова е Мемнисо.

MEDS workshop “Meeting of Design Students” е интернационална платформа за млади архитекти и дизајнери,која секое лето се одржува во различна земја. Во периодот од  26 јули до 12 август 2019 година ќе се одржува работилницата грчкиот остров Спетсес, Грција под тема Мемнисо. Работилницата се состои од 12 различни проекти кои ќе бидат реализирани во рамките на зададените датуми, на кои ќе присуствуваат учесници од 40  различни националности, со вкупен број на 230 студенти на архитектура и дипломирани архитекти.

Пријавата за учесници трае до 31 март.Ова е можност да се стекнете со искуство и нови знаења преку работење во тим на одреден проект, кој ќе биде воден од тутор. Преку одбраните проекти, тимот на Мемнисо ќе се обиде да одговори на глобалната и локалната заедница,преку наоѓање солуција за нивните проблеми. За повеќе информации Ве повикуваме да дојдете на кратка средба на 18/03/2019 во “Public room”  во 18:30 часот.

Ве очекуваме!

Вкуси го Спетсес'19 #MEDS

Публикувахте от Olyushhka в Четвъртък, 14 март 2019 г.

Автор на статија:

/ / / /