Меморијален споменик „26 јули“ / Груин, Тибор, Младеновиќ

Урбанистичко решение: Георги Груин

Конструкција: Бенче Тибор

Архитектура: Димитрије Младеновиќ

Гoдина: 1966-73

Проектантско биро: Проектантска организација „Зренањин“ и Институт за урбанизам и архитектура – Скопје

Изведба: „Поројпроект“

Фотографии: Борис Јурмовски, Филип Конески

 

 

Во нашето делување во повеќе наврати се обидувавме да го актуелизираме споменикот посветен на жртвите од катастрофалниот земјотрес „26 јули“, но ова е првата објава целосно посветена нему.

Изграден е во состав на градските гробишта Бутел во Скопје, како засебна целина зафаќајки површина од 6600m2.

 

 

Комплексот е поставен во ориентација од исток кон запад, со обратна нивелација. Утрото го осветлува комплексот, зајдисонцето се случува во оската над споменикот.

 

 

На источниот раб е алејата каде се истканати сите 1070 имиња на жртвите, од каде низ скалиште се пристапува до церемонијалното плато, со визуелен маркер на споменикот. Во правците север – југ комплексот е поврзан со патеките меѓу кои се модернистичките надгробни споменици изработени во бел прилепски мермер. Над споменикот е паркингот наменет за делегациите и посетителите. Северната, јужната и источната страна се обрабени со каскадни ѕидови од обработен бигорен камен, со детали во мермер.

 

 

До скоро на нашата страна како автор го водевме архитектот Георги Груин, но во истражувањето по интернет просторот наидуваме и на името Димитрије Младеновиќ, во чија монографија за 55 годишното творештво е внесен и овој споменик. Во изданието „Скопје“ на Унијата на асоцијациите на архитекти на Македонија од 1980 година, како прво лице се спомнува Георги Груин, кој го уредува архитектонско урбанистички просторот, додека како главен градежен инженер на конструкцијата се споменува Бенче Тибор.

 

Брошура „Скопје“

 

Брошура „Димитрије Мита Младеновиќ- 55 години обликување на просторот“

Извор: fb страна на  SpomenikDatabase /  коментар со фотодокументација: Max Beauchez

 

Целиот комплекс на овој дел од гробиштата во Бутел, потсеќа на концептот на американските воени гробишта, каде надгробните споменици се истотипски поставени во отворен зелен простор.

 

архивска фотографија

 

Доколку поседувате било каква докуметнација поврзана со овој споменик, ве очекуваме на социјалните мрежи или на нашата адреса contact@marh.mk